Connect with us

Електронско банкарство

Српските граѓани сметките ќе ги плаќаат со систем за препознавање на лица

Објавено

на

Граѓаните на Србија од март годинава ќе можат да ги плаќаат сметките преку системот за “препознавање на лица” (face recognition), најави гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година, да ја промовира оваа нова иновативна услуга, која е дел од решението за инстант наплата, кое беше лансирано во октомври минатата година.

“Ќе се овозможи плаќање преку Скајп или преку визуелно идентификување на клиентот, но без негово физичко присуство”, изјави гувернерката Табаковиќ.

“Тоа ќе биде нешто што е навистина револуционерна иновација како додаток на инстант плаќањето. Иако ние сме подготвени со ова решение да започнеме веднаш, ќе мора да ја причекаме новата проценка за напредокот на Србија во однос на спречувањето на перење пари, па дури тогаш ќе можеме оваа нова услуга да ја пуштиме во подпромет”.

Точниот датум кога граѓаните ќе можат да почнат да ја користат оваа услуга ќе се знае по состанокот на МАНИВАЛ (Комитет на Советот на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам) кој ќе се одржи на 23-ти јануари.

На овој состанок ќе се дискутира и оцени напредокот на Србија во спроведувањето на правилата за спречување на перење пари и доколку мислењето на институцијата биде позитивно, услугата за плаќање сметки преку системот за препознавање на лица би можел да започне да се користи уште во февруари.

“Плаќањето преку телефон, таблет, комјутер или преку Скајп, не бара изготвување на нови технички решенија, ниту пак банките ќе ги чини голема инвестиција”, додаде за крај гувернерката на Србија и нагласи дека системот е безбеден за корисниците, како за заштита на личните податоци, така и во однос на можните злоупотреби во “перење пари”.

Дали во иднина и ние може да очекуваме ваква иновација во нашата земја!?

Електронско банкарство

100 милиони евра во онлајн трансакции во првите три квартали од годинава

Објавено

на

Во трите квартала од 2018 година направени се трансакции во вредност од 100 милиони евра со платежни картички за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Трансакциите по број забележуваат уште поголем тренд на пораст во првите три квартали од 39%. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

ЦКБ воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство, што е уште една современа дигитална услуга, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија прослави една година од постоењето

Објавено

на

Изминатава недела Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) во присуство на своите членови, соработници и партнери во духот на предновогодишното расположение, ја одбележа годишнината од нејзиното формирање. Во текот на годината асоцијацијата активно работеше на нејзино спознавање од засегнатите страни и нивно зачленување, со цел здружено делување кон подобрување и раст на е-трговијата.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange