Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

Среќна среда во Cineplexx: НЕПРОЦЕНЛИВО

Објавено

на

Психологијата на филмот е подкатегорија на психологијата на уметноста која ги проучува карактеристиките на филмот и неговото производство во врска со перцепцијата, сознанието, наративното разбирање и емоциите. Тоа што нас постојано не враќа во кино салите се емоциите.

Kиното има некаква сензационална способност да влијае на сите нашите емоции, и ние сме доста подложни на нив. Поради оваа причина, нашиот мозок ги обработува настаните што ги гледаме на големиот екран на ист начин како и случувањата во реален живот.

Сметаме дека примарна работа во емоција е субјективната етикета што ја даваме. Но, емоциите се “интегрирани програми„: тие вклучуваат мозочни системи и периферни системи, како и однесување и субјективно искуство. И сето тоа е едно. Сето тоа е всушност емоција.

Психилозите велат дека секогаш кога ќе почувствуваме некаква емоција, треба да ја кажеме или да ја изразиме преку нашето однесување. Затоа во кино никогаш не се оди сам или луѓето кои гледаат филмови сосема сами, потешко се враќаат назад во реалноста.

Има уште еден процес што се случува во исто време, а понекогаш тие се движат во иста насока, понекогаш во различни насоки, а тоа е дека сте исто така сме склони да се сетиме на некоја акција која била (не)успешна во минатото во вашиот живот и е многу слична на некоја сцена од филмот. Тука спаѓаат перцепцијата, сознанието и наративното разбирање.

Затоа, Cineplexx мисли на нашите емоции и убаво поминато време со саканите личности и пријателите. Во партнерство со Mastercard, подготвија супер изненадување за студените денови кои доаѓаат.

Секоја среда во текот на октомври, ноември и декември, за плаќање на еден кино билет со бесконтактна Mastercard или Maestroкартичка, односно со извршена бесконтактна трансакција во кино салите “Cineplexx” во Скопје, учесниците во кампањата истовремено ќе добијат уште еден кино билет како подарок.

Учесниците во кампањата треба да ги користат бесконтактните Mastercard и Maestro картичките валидни во Република Македонија на денот на извршувањето на трансакцијата. Плаќањето со овие картички треба да се врши бесконтактно, со ставање на бесконтактната картичката на POS терминалот.

Дозволете да се опуштите секоја среда, во средината на работните обврски. Одвојте го денот да го поминете во друштво со најмилите, да им се препуштите на емоциите. Трансакциите на Mastercard и Maestro се брзи и сигурни, времето поминато со најмилите е непроценливо.

Платежни картички

Старо за ново! – промотивна понуда за сите корисници на ЦКБ Mastercard картичките

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на старите уреди со нови.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 22.04.2019 до 31.05.2019 година подготви промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Двоен кешбек, за двојно повеќе среќа! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Со Халкбанк и Mastercard заменете го вашиот стар уред за нов

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на стариот уред со нов. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange