Останато
Средствата за дезинфекција на „Алкалоид” со докажано дејство против ковид-19


По речиси цела година постоење на вирусот ковид-19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете.
Засега е познато дека новиот вирус ковид-19 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно. Светските јавни здравствени институции (Светската здравствена организација – WHO), Американскиот центар за контрола на болести – CDC, Американската администрација за храна и лекови – FDA…) одобруваат ефикасност на биоцидните производи (дезинфекциски и антисептички средства) кои во својот состав содржат еден или комбинација од повеќе алкохоли (eтанол, 2-пропанол и/или 1-пропанол), со процентуална застапеност од 60 до 95 %. Големиот број студии содржат докази дека овие формулации се сметаат за безбедни и за ефикасни при уништувањето на вирусите (вклучително и SARS-CoV-2) и дека имаат висока микробицидна активност и дејство во рок од 30 секунди од нанесувањето.
Во согласност со консултираните научни студии и докази за ефикасноста на биоцидните средства на база на алкохол спрема SARS-CoV-2, направени од Светската здравствена организација, македонското Министерство за здравство ја потврди ефикасноста на следниве биоцидни производи на „Алкалоид“ АД Скопје: Medical® (гел и полиалкохолен раствор за дезинфекција на рацете) и Ecosal® (растворите за дезинфекција на раце forte, ultra, standard и active), кои во својот состав имаат минимум 70 % алкохол (етанол и/или комбинација од етанол, 1-пропанол и/или 2-пропанол).
Овие производи имаат примена во хуманата и во ветеринарната медицина, индустријата, угостителството, во хотелиерството, за одржување јавна и лична хигиена и слично.
Гелот Medical® и полиалкохолниот раствор за дезинфекција на рацете, како и растворите за дезинфекција на рацете Ecosal® (forte, ultra, standard и active) се готови за употреба.
Останато
Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023


Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.
Останато
ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?


Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!