Connect with us

Останато

Средношколците ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Објавено

на

Нов предмет Пазар на хартии од вредност ќе се воведе во меѓународната гимназија Нова во Скопје наменет за проширување на знаењата на средношколците во оваа сфера. Образовната институција и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денес потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од комисијата. Во план е соработката во иднина да се прошири и на други полиња, но првиот чекор ќе биде едукацијата на гимназијалците за хартиите од вредност.

Нова досега има потпишано меморандуми за соработка со Италијанската амбасада, со Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ и со универзитетот Св. Кирил и Методиј.

“Стана наша практика учебната година да ја почнеме со потпишување на меморандум за соработка со реномирана институција во земјава. Планираме да продолжиме со тоа темпо и понатаму, а нашата главна заложба е да им понудиме на учениците разновидност, проширување на видиците и едукација која ќе ги направи поподготвени за предизвиците кои им следуваат во животот. Чест и задоволство е што денес потпишуваме меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност и се надеваме дека покрај воведувањето на овој предмет, нашата колаборација ќе продолжи да се шири и развива и во иднина“, истакнуваат од меѓународното училиште Нова.

Целта на секоја соработка е да се збогати образованието и училишниот живот на основците и средношколците во Нова.

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange