Connect with us

НБРМ

Средби со ММФ: Монетарната политика на Народната банка е соодветен одговор на предизвиците со кои се соочува домашната економија

Објавено

на

Народната банка досега соодветно одговора на тековните предизвици, кои се последица на глобалната криза, преземајќи мерки во насока на постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност.

Ова е од особено значење во услови кога глобалната економија се соочува со повеќе големи предизвици – највисоката инфлација во изминатите неколку децении, руската инвазија на Украина, заострувањето на глобалните финансиски услови и се уште присутните закани од пандемијата. Монетарната политика треба да одговори одлучно на ценовните притисоци, а притоа во предвид да ги има неповолните изгледи за економскиот раст и ризиците за финансиската стабилност. Ова бара одлучна, но истовремено внимателна и избалансирана монетарна реакција. Ова се главните заклучоци од состаноците кои гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска  ги остварија со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД.

Делегацијата се сретна со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, а беа одржани  и одделни состаноци со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со шефицата на мисијата на ММФ, Бергљот Баркбу. ММФ ќе продолжи да ја поддржува Народната банка за натамошно унапредување на системот за девизни интервенции и стрес тестирање за што беше разговарано на состанокот со Одделот за монетарна политика и пазари на капитал.

Гувернерката на Народната банка, посочи дека од крајот на минатата година преку своите монетарни операции Народната банка започна со нормализација на монетарната политика, додека од април досега, во неколку наврати е зголемена основната каматна стапка. Ова беше поддржано и со дополнителни мерки, односно промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Од ММФ оценија дека монетарната политика која ја води централната банка е соодветна, имајќи ги предвид глобалните фактори на понудата што ја движат домашната инфлација. Сепак со оглед на пренесените ефекти и подигнувањето на инфлациските очекувања и на овие состаноци беше нагласена потребата за водење на претпазливи домашни политики. Воедно, акцент беше ставен и  на стабилноста на банкарскиот сектор, што е во кондиција да ја поддржи домашната економија, а притоа има капацитет да се справува со евентуалните поголеми шокови. Ова е уште еден столб на поддршка за економското заздравување и одржување на вкупната макроекономска стабилност.

На средбата со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше дискутирано и за одобрувањето на Кредитната линија за претпазливост (ПЛЛ), која е во завршна фаза. Станува збор за инструмент кој обезбедува ликвидност за надминување одредени шокови и предизвици за време на кризни епизоди. Овој инструмент им се доделува на земји коишто имаат здрави економски фундаменти и практикуваат здрави макроекономски политики. Во процесот на одобрување на ПЛЛ беше направена оцена на повеќе сегменти од работењето на централната банка, меѓу кои и на монетарната политика, платнобилансната позиција, супервизијата на финансискиот сектор, како и на соодветноста на статистичките податоци. За сите сегменти Народната банка доби висока оценка.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно