НБРМ
Средба со шефицата на Мисијата на ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, за кои се очекува да се намалат во 2022 година


ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања.
Најголемиот двигател на неодамнешното зголемување на инфлацијата се глобалните цени на енергенсите, пред сѐ на нафтата и гасот. Притоа, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и „тесните грла“ вршат притисок врз цените на трајните добра, особено по брзото закрепнување на побарувачката. Ефектот од повисоките цени на енергенсите и неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката се очекува да се исцрпи во 2022 година. Дополнително, ниту еден од овие фактори нема да реагира на промените во монетарната политика. Сепак, централните банки, вклучително и Народната банка, ќе треба внимателно да го следат развојот на настаните за да осигураат дека евентуални повисоки очекувања за инфлацијата нема да предизвикаат продолжен раст на платите.
Со олабавената монетарна политика, како и со сите одлуки и мерки коишто ги донесе од избувнувањето на корона-кризата наваму, Народната банка дава значаен придонес за поддршка на финансиската стабилност и на македонската економија во целина. Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна. Сепак, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења, а особено инфлациските очекувања и можните пренесени ефекти во контекст на растот на платите.
Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефицата на Мисијата, Берглјот Баркбу. Средбата беше остварена во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.
Како што посочи гувернерката на состанокот, Народната банка будно ги следи движењата во македонската економија. Бидејќи неизвесноста и натаму е присутна, Народната банка е подготвена соодветно одговори на случувањата, во рамките на своите надлежности и своите одлуки да ги комуницира на транспарентен начин.
НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба


Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)
НБРМ
Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка


Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)
НБРМ
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите


Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје