Connect with us

Останато

Средба на министерот за финансии Бесими со претседателот на државата Пендаровски

Објавено

на

Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. На средбата се дискутираше за сите предизвици со кои се соочуваме на економски план во услови на глобална пандемија.

„Реализацијата на инфраструктурните проекти, како и континуираното спроведување на мерките што се преземаат во насока на поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега предизвикана од коронавирусот”, истакна министерот.

Притоа тoј нагласи дека мора да има приоритизација на проектите што се клучни за развој на државата, а министерствата коишто се имплементатори на капиталните проекти реализацијата да ја планираат на квартално наместо на годишно ниво како досега, што е дел од стратегијата за среднорочно планирање на Буџетот.

Бесими на средбата воедно го информираше претседателот Пендаровски за ребалансот на Буџетот и за четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на приватниот сектор и граѓаните, како дел од политиките што ги презема Владата за справување со здравствено – економската криза.

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно