Останато
Средба на министерот Бесими со италијанскиот амбасадор Силвестри: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризата


Странските директни инвестиции од Италија во земјава изнесуваат 107 милиони евра, но соработката има потенцијал да се продлабочи. Земјата добро се справува со ковид-кризата, додека преку четирите пакети антикризни мерки се дала поддршка на стопанството и на граѓаните за надминување на кризата, беше констатирано на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и новиот амбасадор на Италија во земјава, Андреа Силвестри.
Министерот Бесими го запозна новиот амбасадор со економската ситуација во земјава. Тој посочи дека минатата година, и покрај ковид-кризата, реализацијата на планираните приходи e над 99%.
Со четирите пакети антикризни мерки се таргетираа компаниите и граѓаните погодени од ковид-кризата, а истите беа насочени и кон заштита на здравјето на населението. Вкупниот износ на сите обезбедени пакети е околу една милијарда евра, или приближно 10% од нашиот БДП.
За годинава, беше посочено, нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. Годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, на потрошувачката и на нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1%, согласно основното сценарио.
Со редизајнирање на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст – SmartER Growth Policies, се поставува цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување побрз економски раст на среден и на долг рок, посочи министерот.
На средбата, од двете страни беше изразена надеж за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.
Криптовалути
Милијардерите ПРОТИВ биткоинот – по Бил Гејтс и Чарли Мунгер ја нападна напознатата криптовалута: “Не знам што е полудо, биткоин или Тесла”


Легендарниот инвеститор Чарли Мунгер, долгогодишен деловен партнер и соработник на Ворен Бафет, деновиве гласно размислуваше за акциите на „Tesla” и за најпознатата криптовалута биткоинот. (more…)
Останато
Организирана една од најголемите обуки за Спречување перење пари и финансирање тероризам


На 03.03.2021 година Едулактика ја организираше една од најголемите обуки за СППФТ. На обуката присуствуваа повеќе од 50 учесници од банки и штедилници во Република Северна Македонија. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје