Connect with us

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел.

Република Северна Македонија во октомври минатата година ја доби првата транша од макрофинансиската помош од ЕУ во износ од 80 милиони евра, а кон крајот на 2020 година дополнително беше дистрибуирана првата транша од 32 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, од кои 24 милиони евра беа префрлени во Развојната банка и веќе се алоцирани во форма на бескаматни кредитни линии со грант компонента, а 8 милиони евра ќе се користат од страна на Агенцијата за вработување, за поддршка на активните мерки за вработување.

На состанокот со еврокомесарите беа разменети искуствата во делот на справување со ковид-кризата, економските движења, макроекономските движења, меѓународната соработка, а министерот ги информираше и за новиот Закон за буџети со којшто се воведуваат системски решенија во јавните финансии.

Во таа насока, еврокомесарите го поздравија носењето на новиот Закон за буџети, како и среднорочното буџетско планирање коешто е поставено во рамки на Законот.

Воедно, на состанокот министерот информира дека годинава ќе биде подготвена нова Програма за управување со јавните финансии 2022 – 2027 година, и оти би било добро доколку ЕК размисли за поддршка на оваа програма во рамки на ИПА 3 инструментот, а во програмскиот период 2021 – 2027 година.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно