Connect with us

НБРМ

Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари.“ Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба со учениците од средните училишта,  овогодишните учесници на Меѓународната економска олимпијада и професорите Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои ги координираа подготовките на тимот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати срдечни честитки до добитникот на бронзениот медал, ученикот Давид Ставров од ПСУ „Алгоритам“, Скопје, како и до Рина Толева и Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Скопје, кои во состав на нашиот тим нѐ претставуваа на Економската олимпијада во Волос, Грција. На Шестата меѓународна економска олимпијада којашто се одржа во периодот од 25.7. до 2.8.2023 година учествуваа 50 тима од 48 земји во светот, а домаќин беше Универзитетот на Тесалија од Волос. Учениците се натпреваруваа во три дела: тест од економија, игра за финансиска писменост и бизнис-студија. Охрабрувачки факт е дека меѓу големиот број водечки економии во светот, ние го освоивме дваесет и второто место во генералниот пласман.

Народната банка зеде активно учество во подготвителните активности на учениците за учество на Олимпијадата. Активностите на централната банка, поточно серијата предавања за учениците во состав на нашиот тим, како и презентациите за дополнување на знаењата и одговорите на различните модули вежби и едукативни игри, се во рамките на соработката којашто централната банка ја остварува со Сојузот на математичари, за што е склучен и Меморандум за соработка. Финансиската едукација, исто така, е еден од стратегиските приоритети на Народната банка за што е усвоена и Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија од страна на финансиските регулатори, предводени од Народната банка.

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Резултати од монетарната политика се големата доверба во домашната валута и забавувањето на инфлацијата

Објавено

на

Резултатите од монетарната политика што ја води Народната банка ги гледаме во забавувањето на инфлацијата, големата доверба во домашната валута, но и во умереното забавување на кредитната активност за да не се предизвика голем шок во економијата. Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, при гостувањето на „Блумберг Адрија“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини

Објавено

на

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, беше организирана донаторска акција за подобрување на условите за изведување на образовниот процес за децата од селото Дреновци. Вработените во Народната банка масовно се вклучија и одговорија на повикот за донација, којшто беше поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Зоран Пановски од Народната банка: Финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите придонесува за развој на домашните финансиски пазари

Објавено

на

Директорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Зоран Пановски, учествуваше на Регионалната конференција за техничка анализа на финансиските пазари во организација на Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно