Connect with us

НБРМ

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со амбасадорот Бомгартнер и раководителот на Регионалниот економски оддел Гранджуан: Макроекономската стабилност во земјава успешно се одржува

Објавено

на

Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните.

Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. За ова, меѓу другото, беше разговарано за време на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, новиот раководител на Регионалниот економски оддел при Амбасадата на Република Франција во Белград, Пјер Гранджуан и заменик-раководителката за Западен Балкан, Селин Ерише.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека заострувањето на геополитичките тензии на почетокот на годината доведе до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, но и притисоци на девизниот пазар поради растот на цените на енергентите и високата енергетска увозна зависност на економијата. Во вакви околности, Народната банка, како и речиси сите централни банки во светот, започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, како и со преземање целни мерки со цел да се поттикне штедењето во домашна валута и да се поттикне финансирањето проекти за обновливи извори на енергија. На средбата беше заклучено дека стабилноста на девизниот курс е успешно задржана, а девизните резерви се на претпандемичното ниво, обезбедувајќи поддршка за постојната стратегија. Во однос на финансискиот сектор, неговата ликвидност и капитализираност беа издвоени како фактори на неговата отпорност и капацитет за обезбедување доволно кредитна поддршка. Сепак, со оглед на постојните ризици, повторно беше нагласена потребата за внимателно следење и во овој сегмент. Неодамнешното воведување противцикличен слој на капиталот беше посочено како соодветна мерка, преку којашто и понатаму се јакне отпорноста на банките на шокови.

Регионалниот економски оддел на Амбасадата на Република Франција во Република Србија ги покрива земјите од Западен Балкан. Главната мисија на Одделот е да ги следи и да ги анализира финансиските и економските ситуации во регионот, да ги следи економските политики, надворешната трговија, јавните финансии и финансискиот сектор, како и да работи на приспособување и унапредување на економските односи помеѓу Франција и земјите од регионот. Одделот исто така ги координира билатералните односи со земјите и обезбедува поддршка за меѓународниот развој на компаниите, особено преку следење на големите проекти.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

Објавено

на

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Објавено

на

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што  капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Објавено

на

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно