Connect with us

НБРМ

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со тимот на Светската банка: Народната банка е столб за одржување на финансиската стабилност

Објавено

на

Низ годините Народната банка беше столб за зачувување на финансиската стабилност, којашто е суштествена за економскиот раст. И во тековните услови на изразени макроекономски ризици, домашниот банкарски систем е стабилен и има капацитет за соодветна кредитна поддршка на економскиот раст.

Со новата регулатива којашто би се донесла во следниот период, а се изработува во согласност со европската практика, се зацврстува рамката и водечката улога на Народната банка во носењето и спроведувањето на макропрудентната политика. Ова беше посочено на средбата помеѓу тимот на  Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Јасмин Чакери, менаџер на Одделот за макроекономија, трговија и инвестиции за регионот на Европа и Централна Азија при Светската банка, Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово и Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист.

Во контекст на досегашните остварувања, на средбата беше заклучено дека солвентноста на банкарскиот систем е на стабилно и солидно ниво, со стапка на адекватност на капиталот од 17%. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик. Квалитетот на кредитното портфолио на банките и натаму е солиден, за што е потврда ниското ниво од 3,1% на учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор. Солидните остварувања на банкарскиот систем се секако резултат и на регулаторната рамка поставена од страна на Народната банка. Притоа, согласно со одлуката на Европската комисија, беше оценето дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на ЕУ.

На средбата стана збор и за новите законски решенија, коишто се во прилог на јакнењето на механизмите за одржувањето на финансиската стабилност, односно Законот за финансиска стабилност и Законот за решавање на банките. Тимот на Светската банка ја истакна важноста на овие решенија со кои на централната банка ќе ѝ се даде поширок мандат за спречување одредени системски ризици во банкарскиот сектор. Исто така, со Законот за финансиска стабилност, којшто е во собраниска процедура, законски се регулира Комитетот за финансиската стабилност, како макропрудентно тело коешто ќе ја засили координацијата на финансиските регулатори при утврдувањето на системските ризици и синхронизираното преземање макропрудентни мерки.

Стана збор и за тековната состојба и стапките на инфлација што растат во светски рамки. Од Светската банка беше истакнато дека од големо значење е навременото и соодветно приспособување на политиките, согласно со тековните очекувања и очекувањата за идните движења. Носителите на политиките во овој момент, кога има нагорно придвижување на цените поради воениот конфликт, се соочуваат со потребата за монетарно затегнување. Притоа, за монетарната политика е особено важно да не се предизвика негативно влијание врз економскиот раст при изборот на мерките за запирање на инфлацијата. Во тој контекст, Народната банка успешно им одговара на тековните предизвици и претпазливо ги применува мерките за одржување на стабилноста.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно