Connect with us

НБРМ

Средба на гувернерката, Ангеловска-Бежоска со шпанскиот амбасадор, Сера: Транспарентноста на НБ е основа за кредибилност на политиките и макроекономската стабилност

Објавено

на

Активностите за поголема транспарентност, коишто постојано се преземаат од Народната банка, придонесуваат за кредибилитетот на политиките коишто ги води Народната банка, како и за стабилноста на финансискиот систем. Ова беше оценето на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.

Неговата екселенција, амбасадорот Сера, посочи дека го поддржува транспарентното работење на Народната банка и информирање на јавноста, особено во делот на макроекономските показатели и проекции и движењата во банкарскиот систем, како основа за појасно разбирање на макроекономските состојби во државата.

На средбата, гувернерката на Народната банка се осврна на економската состојба во оваа година, при што посочи дека олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2%, што речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4%). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво од почетокот на 2022 година. Притоа, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките на Народната банка овозможија намалување на цените на кредитите и постојан кредитен раст во текот на пандемијата. Оттука, беше оценето дека банкарскиот сектор досега добро се справува со ризиците од пандемијата и е подготвен да им одговори на предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците.

На средбата се разговараше и за европските перспективи на нашата држава, при што беше оценето дека евроинтеграцискиот процес има потенцијал да придонесе за јакнење на институционалниот потенцијал и за спроведувањето на структурните реформи.

НБРМ

Средба со шефицата на Мисијата на ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, за кои се очекува да се намалат во 2022 година

Објавено

на

ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на самитот на „Економист“: Инвестирањето во дигиталната безбедност ќе биде еден од главните приоритети за банките

Објавено

на

Инвестирање во дигиталната безбедност е еден од приоритетите во периодот што претстои за банкарскиот и за финансискиот сектор. Ова се должи на новите навики коишто ги стекнаа потрошувачите за време на пандемијата ‒ сѐ почесто ползување на придобивките од дигиталните финансиски услуги. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панелот „Приоритетите за секторот на финансиски услуги“, во рамките на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува во Скопје во организација на британскиот неделник „Економист“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките преземени од Народната банка суштински придонесоа за раздвижување на економската активност, како и за зачувување на финансиската стабилност за време на криза. (more…)

Продолжи со читање



Популарно