Connect with us

НБРМ

Средба меѓу гувернерката на Народната банка и амбасадорот на Кралството Холандија

Објавено

на

Како претставник на Северна Македонија во конституенците на MМФ, Светската банка и ЕБОР, Холандија и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно е состојбата и понатаму да се следи и соодветно да им се одговори на предизвиците, особено во однос на фискалната дисциплина и управувањето со јавниот долг. При справување со предизвиците, важна е поддршката на меѓународните институции при што ние остануваме ваши партнери во остварувањето на стратешките цели. Од клучно значење е да се продолжи со спроведувањето на структурните реформи во економијата на Северна Македонија.

Ова се дел од пораките и констатациите изнесени од амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, на средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

На средбата, меѓу другото, амбасадорот и гувернерката разговараа за актуелните состојби во економијата и особено за кондицијата на финансискиот сектор. Притоа, беше посочено и на предизвиците за полесно надминување на кризата и на придонесот на кредитната поддршка за реалниот сектор, за којашто уште еднаш се оцени дека ќе биде исклучително значаен фактор и во претстојниот период. Во тој контекст се разговараше и за одлуките на Народната банка коишто се однесуваат на натамошно јакнење на системот, при што беше нагласено дека таквата внимателност е особено важна за одржувањето на кредибилитетот и транспарентноста во работењето на Народната банка, како основа за остварување на нејзината улога во одржувањето на макроекономската стабилност.

Меѓу другото, амбасадорот и гувернерката говореа и за инструментариумот на Народната банка и за нејзината подготвеност за преземање соодветни активности и носење соодветни одлуки, во прилог на макроекономската стабилност, како и за поддршка на граѓаните и компаниите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска искажа особено задоволство што и во текот на корона-кризата, соработката со Банката на Холандија е интензивна и се одвива на исклучително експертско ниво. Како што истакна гувернерката, и натаму, Банката на Холандија е една од нашите најсилни поддржувачки во постојаното унапредување на централнобанкарското работење во нашата земја и следењето на европските стандарди и практики. Поконкретно, како што беше истакнато на состанокот, таа е партнерка на нашата централна банка во спроведувањето поголем број проекти.

Амбасадорот Коп и гувернерката Ангеловска-Бежоска го споделија ставот дека за македонската економија се клучни натамошни структурни реформи, коишто на долг рок ќе го зголемат потенцијалот за раст, од што зависи и одржувањето на позитивните согледувања на меѓународните инвеститори. 

НБРМ

Раст на депозитите и на кредитите во март 2021 година

Објавено

на

Во март вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,4%, со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе Одлуки со која го олесни вложувањето во хартии од вредност во странство

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс

Објавено

на

Навремените и соодветни мерки и одлуки на централната банка во доменот на монетарната политика и финансискиот сектор придонесоа за намалување на последиците од кризата врз македонската економија и за одржување на финансиската стабилност. (more…)

Продолжи со читање




Популарно