Connect with us

Останато

Средба Бесими – Харгитаи: Брза имплементација на проектите за придвижување на растот

Објавено

на

Заокружување на патната и железничката инфраструктура на Коридорот VIII и Коридорот X, изградба на магистрални гасоводи и инвестиции во системи за управување со цврст отпад, се клучните приоритети коишто ќе се реализираат со финансиска поддршка на ЕБОР. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и регионалниот директор на банката за Западен Балкан, Жужана Хaргитаи.

„Потребни ни се проекти што ќе го придвижат економскиот раст. Со изградбата на автопатот Скопје – Блаце и автопатската делница Кичево – Гостивар, ќе се заокружи патниот Коридор VIII и патниот Коридор X. Меѓу идните проекти финансирани од ЕБОР се и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII како и реконструкција на железничката линија Скопје – Кичево, а во енергетскиот дел магистралните гасоводи делницата Гостивар – Кичево и делницата Свети Николе – Велес, како и интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Косово. Овие проекти ни се приоритетни и мора да се реализираат”, истакна министерот Бесими.

Директорката Хaргитаи рече дека мора да има приоритизација на проектите и дека истите мора да се имплементираат брзо. Таа нагласи дека важно им е да се реализираат започнатите инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура, да се направи приоритизацијата на нови инфраструктурни проекти и приватниот сектор да се вклучи во инфраструктурниот развој.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно