Connect with us

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи.

„Водејќи се од Економско-инвестицискиот план на ЕУ, ја ревидиравме единствената листа на проекти воспоставувајќи приоритети меѓу  клучните инфраструктурни проекти, коишто се важни за развојот на државата”, истакна министерот Бесими и притоа додаде дека во рамки на Eкономско – инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти.

Во овие рамки се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите.

Економско – инвестицискиот план на ЕУ им овозможува на земјите од Западен Балкан пристап до европски грантови во износ од 9 милијарди евра, а се планира да се обезбедат уште 20 милијарди евра дополнителни инвестиции.

И според најконзервативните проекции на ЕК, спроведувањето на инвестицискиот план може да го поттикне растот во земјите од Западен Балкан за најмалку 3,6 процентни поени.

Многу е важно да се создадат сите услови за опоравување од кризата заедно со Западен Балкан, а инвестицискиот пакет е во срцето на тој план.

Инвестицискиот пакет се однесува на проекти  во клучни области како транспорт, енергија, животна средина, дигитална економија и инвестирање во младите и во приватниот сектор.

Исто така, на состанокот, министерот потенцира дека Владата е посветена да ја зголеми искористеноста на ИПА фондовите преку предлагање добро разработени („зрели“) проекти, коишто можат лесно и за кус период да почнат да се имплементираат.

Двете страни заклучија дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за стабилноста и безбедноста во Европа.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно