Connect with us

Останато

Средба Бесими-Брнз: Претставена реформската агенда на Министерството за финансии

Објавено

на

Министерот за финансии Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која беше придружувана од директорот на УСАИД во земјава, Ерик Јановски.

На средбата беше претставена реформската агенда на Министерството за финанисии, која се заснова на економското заздравување, Програмата за управување со реформите во јавните финансии – ПФМ, либерализацијата и развојот на финансиските пазари и борбата против сивата економија.  Притоа беше презентирана Стратегијата за паметен раст (Smarter Growth) како и столбовите врз кои темели, односно заздравување од ковид-кризата, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инвестиции во човечки капитал.

Од страна на Министерот беше посочено и дека е направен единствен и сеопфатен план на капитални инвестиции кои се од стратешко значење на среден рок, како и дека се преземаат мерки во насока на подобрување на реализацијата на истите. Понатаму, од неговата страна беше истакната заложбата за фискална консолидација на среден рок, односно постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна во Буџетот, во насока на одржување на стабилноста во јавните финансии.

На средбата разменија мислења за подобрување економската конкурентност во земјава, преку зголемување на продуктивноста и интеграцијата кон евроатланските и регионални пазари, за поддршка на зголемен придонес на младите во општеството и намалена корупција, како и за договорот за партнерство којшто нашата држава го има со САД.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно