Connect with us

НБРМ

Средба Аранитаси ‒ Ангеловска-Бежоска: Транспарентноста и успешното работење на Народната банка се предуслови за одржување поволен економски амбиент

Објавено

на

Ценовната и финансиската стабилност се предуслов за економскиот развој и обезбедуваат простор којшто треба да се искористи од другите носители на политики за остварување структурни реформи коишто ќе придонесат за стабилен и долгорочен економски раст. Притоа, успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија. Ова се докажа особено од почнувањето на корона-кризата наваму, кога се потврди дека капацитетот којшто го има изградено Народната банка ѝ овозможи навремено и ефикасно да дејствува во рамките на својот мандат, за да ја поддржи економијата во справувањето со ефектите од кризата. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку своите проекти дополнително овозможува поддршка за создавање поволни услови за економско закрепнување.

Ова беше истакнато на работната средба меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Република Северна Македонија. На средбата, меѓу другото, беа разгледани и согледувањата на Народната банка за состојбите во економијата, согласно со проекциите. Притоа, уште еднаш беше потврдено дека ќе продолжи поддршката на ЕБОР за македонската економија, преку повеќе форми на кредитна поддршка за корпоративниот сектор, за што од голема важност е соработката и комуникација со Народната банка, чии проекции се клучни за согледувањата на меѓународната јавност, вклучително и инвеститорите.

На средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна подетално на последните макроекономски проекции и очекувањата за економијата за претстојниот период. Најновите очекувања за економскиот раст се непроменети во однос на априлските проекции, при што во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во оваа и следната година економската активност би растела со идентична стапка на раст од 3,9% и постепено би достигнала стапка од 4%, на среден рок. Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Во периодот на проекциите се очекува солиден кредитен раст, којшто оваа година ќе изнесува 7,1% и постепено ќе забрза достигнувајќи околу 8% на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите во периодот на проекциите, како главен извор на финансирање на банките. Како што истакна Аранитаси, слични се и проекциите на ЕБОР според кои се очекува раст на македонската економија од 4% оваа и наредната година.

ЕБОР е присутна подолг временски период во Република Северна Македонија, при што нејзините активности се насочени главно кон зајакнување на конкурентноста на македонската економија, како и зајакнување на регионалната интеграција и приближување кон стандардите на ЕУ. Покрај тоа, ЕБОР преку своите проекти и активности се стреми кон унапредување на пазарот на капитал во домашната економија и негово регионално поврзување, заради ефикасна распределба на финансиските средства. ЕБОР исто така презема и активности, односно поддржува и проекти за транзиција на македонската економија кон модел којшто овозможува позитивни ефекти врз животната средина. Оттука, дел од проектите се насочени кон зголемување на ефикасноста во користењето на ресурсите и користење одржливи енергетски извори.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно