Connect with us

Странски банки

Средба Ангеловска – Мантованели: Светска банка продолжува да биде наш верен пријател на патот кон иновации и промени

Објавено

на

На состанокот беше разговарано за тековните и идните проекти како и за и аналитичките и советодавните услуги што ги обезбедува банката.

Во моментов тимовите на Министерството за финансии и другите ресорни министерства заедно со Светска банка работат на проекти во рамки на четиригодишната Стратегија за партнерство која Република Северна Македонија ја има со Светска банка. Со оваа Стратегија, во наредниот четиригодишен период ќе се реализираат проекти во вредност од 420 милиони долари.

Стратегијата е насочена кон подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата и проекти за подигнување на конкурентноста, развој на човечкиот потенцијал преку инвестиции во образованието како и за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

На состанокот беше дискутирано и за Проектот за изградба и реконструкција на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Воедно се разговараше и за новиот проект за енергетска ефикасност кој ќе го спроведува МСИП како и за проектот за модернизација на земјоделството.
Стратегијата е во насока на поддршка на економскиот раст. Ангеловска потенцира дека резултатите се охрабрувачки.

Во Светска банка гледаме долгорочен верен партнер. Благодарение на нив нашите деца учат во нови градинки, училишта, имаме нови патишта, водоводи. Бенефитите ги чувствуваат сите од земјоделците до наставниците и здравствените работници. Во изминатите 26 години создадовме верен пријател кој ни помагаше и ќе ни помага на патот кон промената кон која целиме. Затоа заедно ќе продолжиме да работиме со уште позасилено темпо со цел позитивни промени и иновации што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сите граѓани“. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на првиот официјален состанок со директорот  на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели.

Имаме поинтензивен раст на инвестициите во уделот на БДП, континуиран силен раст на извозот, засилено кредитирање на приватниот сектор и пад на невработеноста на 17,5 проценти. Сето ова претставува реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5%“, информираше Ангеловска.

Светска банка од 1993 година има инвестирано над две милијарди долари во проекти кои го поддржуваат економскиот раст.

Платежни картички

Промени на раководните позиции во Мастеркард

Објавено

на

Главниот директор на „Mastercard” за производи, Мајкл Мајбах ќе стане извршен директор на почетокот на следната година, преземајќи ја функцијата од Ајаи Банга, кој преминува во улога на извршен претседател, пренесува „Financial Times“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Тинејџери ќе може да користат дебитни сметки преку Venmo

Објавено

на

Популарната апликација за парични трансакции Venmo развива нова услуга за корисниците која најверојатно ќе се нарекува Delegate. Идејата на новата секција на стартапот кој е во сопственост на PayPal е да им овозможи на тинејџерите да имаат сопствени дебитни сметки за располагање со средствата.

Дебитните сметки ќе може да ги отвори родител или старател за тинејџери кои се малолетни. Преку опцијата Delegate на Venmo ќе може да постават дневни лимити за трошење на средствата.

Од друга страна пак, тинејџерите како носители на дебитните сметки ќе може да ја проверуваат состојбата на средствата, како и да прават преглед на извршените трансакции. Venmo е одличен сервис за поделба на сметка во ресторан или кафе бар со тоа што корисниците може разликата директно да си ја префрлат на картичка.

Продолжи со читање

Странски банки

Државната банка на Виетнам со драстични мерки против епидемијата од коронавирусот

Објавено

на

Централната банка на Виетнам им нареди на комерцијалните банки да ги елиминираат, намалат или одложат каматните исплати на кредити од компании кои се соочуваат со значајни загуби како резултат на појавата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно