Connect with us

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит.

На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих беше нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на Република Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

На средбата помеѓу министерката и амбасадорот беше зборувано и за билатералната соработка со Германија. Во рамки на билатералната соработка, Германија има инвестирано 368 милиони евра во нашата земја преку КфВ развојната банка. Во рамки на оваа соработка реализирани се бројни проекти, а во моментот во имплементација се: втората фаза од Ветерeн парк Богданци, Топлификација Битола, втора фаза на проектот Наводнување на Jужната долина на реката Вардар фаза 2.

Исто така, во рамки на соработката со КфВ развојната банка во тек е подготовката на Проектот за реконструкција на студентските домови во земјава, за што е ангажиран и консултант кој направил структурна и енергетска анализа за реновирање на 9 студентски дома.

И од министерката за финансии и од амбасадорот Герберих беше истакнато дека соработката помеѓу двете земји ќе се продлабочи и во иднина, особено на економски план.

Останато

МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани кои скенирале сметки во април, мај и јуни, добија по 100.000 денари

Објавено

на

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Објавено

на

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%. За да се информира јавноста што се спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно