Connect with us

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации.

За исполнување на своите основни цели, како одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, сѐ повеќе централни банки во светот преземаат активности за поддршка на зелените финансии. Нашата централна банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на повеќе активности и монетарни мерки за нивно поттикнување. За ова беше разговарано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и Бјорн Габриел, претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, кој беше назначен кон крајот на мај.

Гувернерката посочи дека Народната банка, од минатата година, спроведува активности за подетално прибирање податоци за зеленото финансирање, како Анкетата за ризиците од климатските промени, којашто беше спроведена кај сите банки и штедилници во земјава. Анкетата покажа дека во банкарскиот сектор има висока свесност за ризиците коишто ги носат климатските промени, како и висок интерес за воведување „зелени“ производи. Во овој контекст значајна улога имаат кредитите линии на меѓународните финансиски институции, како што е ЕИБ. Следејќи ја европската практика, Народната банка планира подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, за начинот на вклучување на ризиците од зелената транзиција во стратегиите и деловните политики на банките, како и за транспарентно известување. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови коишто ќе го вклучат и ризикот од климатските промени.

Габриел ја истакна тековната поддршка на ЕИБ за секторот на малите и средни претпријатија во земјава, проектите од областа на животната средина за чиста вода и поголемите инфраструктурни проекти во транспортот и енергетиката. ЕИБ е подготвена да ја зголеми поддршката за Република Северна Македонија во заложбите за декарбонизација и инклузивна економија, како и заложбите на Народната банка во делот на зелените финансии и во одржувањето на стабилноста на финансискиот систем при нови предизвици поврзани со климатските промени. Отворањето на Канцеларијата на ЕИБ кај нас, како што беше нагласено, е јасен сигнал за нивната длабока посветеност на развојот и напредокот на земјава на нејзиниот пат кон ЕУ. Кај ЕИБ, како климатска банка на ЕУ, проектите за одржливост на климата и на животната средина се сржта на нивната мисија. На состанокот, беше посочено дека ЕИБ е подготвена да ја разгледа можноста за техничка поддршка за некои од проектите во делот на зеленото финансирање коишто ги спроведува Народната банка.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно