Connect with us

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со директорот на ФИТР, Петров: Прва национална стратегија за финтек-секторот до крајот на годината, потребен е инклузивен процес

Објавено

на

Подготовката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот кај нас би завршила до крајот на годинава. За успешно да се изработи и да се спроведе Стратегијата, како една од стратегиските цели на Народната банка, е потребно активно вклучување на голем број институции. Оттука, во Народната банка беше остварена средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, како и тимовите од двете институции.

На средбата директорот на ФИТР, Петров, ги презентира предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот „стартап” екосистем, а исто така беше искажана подготвеност за вклучување на Фондот во изработката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот. Воедно, се разгледаа и можностите за соработка меѓу институциите во наредниот период, во областа на иновациите во финансискиот сектор, како тема од заемен интерес.

На состанокот беа презентирани и активностите на Работната група за финтек-секторот во рамките на Народната банка, како воспоставувањето на т.н. Порта за иновации ‒ платформа за комуникација на Народната банка со иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот) и други релевантни институции. Како што беше посочено, досега, преку оваа платформа се доставени повеќе прашања за консултација и е изразен интерес од повеќе домашни и странски субјекти за вложување во финтек-секторот во земјава. Исто така, со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), се спроведени Анкета и Студија за остварливост за развојот на финтек-секторот во земјава, а извршено е и првото мапирање на финтек-екосистемот во земјава.

Инаку, неодамна ЕФСЕ ја посочи Народната банка како лидер во регионот во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот, а Република Северна Македонија како единствена земја во регионот чијашто централна банка го има мапирано финтек-екосистемот.

Дел од експертите на Работната група за финтек-секторот во Народната банка се вклучени и во работните групи за финансиски иновации формирани од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), со што нашата централна банка учествува во оформувањето на најновите меѓународни согледувања и регулативи за финтек-секторот.

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Објавено

на

Финансискиот систем во земјава е стабилен, и покрај продолжената ескалација на геополитичките тензии создадени со воената инвазија на Русија врз Украина, како и глобалните предизвици поврзани со енергетската криза и високите стапки инфлација. Сепак, во услови на зголемена неизвесност уште повеќе е нагласена потребата за темелна процена на ризиците, соодветно управување со ризиците и натамошно градење капитал заради обезбедување поголем капацитет на финансиските институции за апсорпција на ризици. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги приспособуваат политиките во согласност со случувањата и да ја задржат финансиската стабилност којашто е приоритет. Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто се разгледаа најновите движења во финансискиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Објавено

на

Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година (Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 224/22 и 227/22). (more…)

Продолжи со читање

Популарно