НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година ‒ поголема конкуренција и повисока заштита на корисниците на платежни услуги

Законот за платежни услуги и платни системи, чии одредби стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година, беше една од темите на редовната координација помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими и нивните тимови.
Новиот закон содржи одредби со кои ќе се поттикне влез на нови даватели на платежни услуги, што пак ќе придонесе за поширока понуда на поевтини платежни услуги за граѓаните и компаниите. Исто така, со Законот се уредуваат и повеќе решенија за подобра заштита на потрошувачите, преку поставување насоки и ограничувања за надоместоците за платежните услуги, како и поголема транспарентност.
На средбата беше посочено дека, во следниот период, институциите ќе се заземат за информирање на граѓаните и на фирмите за новините коишто ги предвидува овој системски закон. Меѓу нив е и воведувањето платежна сметка со основни функции, преку која граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на своите вообичаени обврски или трансфер на парични средства на друго лице. За извршувањето на овие трансакции, граѓаните ќе плаќаат разумна висина на надоместоци, не повисоки од 0,1% од просечната исплатена нето-плата во земјата во претходните дванаесет месеци (или околу 30 денари), во кои ќе биде вклучено месечното одржување на сметката и најмалку пет платежни трансакции месечно кон примач кај истата банка. Платежната сметка со основни функции ќе биде без надоместок за корисниците од ранливите категории.
Со Законот за платежни услуги и платни системи се предвидуваат и повеќе други механизми за заштита на потрошувачите поврзани со надоместоците, како склучување унифицирани рамковни договори и предвидени видови надоместоци, ограничување на заменските надоместоци за плаќање со картички, поголема транспарентност и споредливост на надоместоците за услуги поврзани со платежната сметка. Исто така, во областа на платежните услуги би се вклучиле нови даватели на платежни услуги, што би придонесло за намалување на цените за услугите.
На средбата беше опфатена и тековната економска состојба и економските движења во меѓународното окружување и кај нас. Беше истакнато дека задржувањето на макроекономска стабилност е приоритет за двете институции и дека се продолжува со координацијата и будното следење на состојбите и со носењето соодветни политики.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)
НБРМ
ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)
НБРМ
Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје