НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска – Бесими: Финансиската и севкупната макроекономска стабилност се и остануваат заеднички приоритет

Соработката и континуираната комуникација помеѓу Народната банка и Министерството за финансии се од исклучително значење за перманентно и соодветно следење на состојбите и движењата во економијата како и за одржување на финансиската и севкупната макроекономска стабилност. Тие се и мора да останат заеднички приоритет на двете институции. Ова се дел од заедничките заклучоци од денешната средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
На средбата, меѓу другото се дискутираше за актуелните состојби во домашната економија по првиот удар како последица од ковид-кризата. Најсилното влијание, како што истакнаа соговорниците се очекува дека е онa во изминатиот втор квартал од оваа година и дека ако нема неповолен развој на здравствената криза, веќе може да се фокусираме на активности за постепено економско закрепнување. Но, сепак предизвиците не се завршени – носителите на политиките мора и натаму постојано да ги следат движењата, да преземаат адекватни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите и секогаш кога е потребно координирано да реагираат во согласност со своите надлежности.
„Актуелната криза предизвикана од Kовид-19 претставува историски предизвик, не само за нас туку во целиот свет. Внимателно го следиме развојот на настаните и реагираме со соодветни мерки. Но за тоа, потребен е координиран и професионален пристап, тука пред се мислам на координираната фискална и монетарна политика, но секако и пошироко на кохерентна економската политика. Останува во следниот период со сите засегнати страни да ги договориме конкретните активности. Паралелно со мерките коишто сега треба да се преземаат за закрепнување на економијата, треба и ќе работиме и на мерки и реформи коишто ќе значат подобрување на конкурентноста на нашата економија и прилагодување кон „новото нормално“. Главен приоритет ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид-кризата и обезбедување солидна основа за заздравување на економијата, со фокус на обезбедување забрзан раст во посткризниот период“ – истакна министерот Бесими.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека досегашните ефекти од ковид-кризата врз домашната економија се во рамки на очекувањата од проекциите на Народната банка. Падот на економската активност во вториот квартал е многу блиску до проекцијата на Народната банка од 12%. Сепак, како што посочи гувернерката, кај некои од показателите, остварувањата се и подобри од оние што се очекуваа, вклучително и за девизните резерви и за кредитната и депозитната активност на банкарскиот систем.
„Народната банка е максимално подготвена соодветно да реагира во рамки на својот мандат и ако се случи нов бран на здравствената криза. Во тој контекст, важна е и поддршката со пристап до девизна ликвидност во евра, којашто за првпат ја добивме од Европската централна банка, а би ја користеле ако има потреба од тоа.“ – рече гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Министерот Бесими и гувернерката Ангеловска-Бежоска го споделија мислењето дека е клучно што во сиот изминат период се одржува и се зајакнува финансиската стабилност, непрекинато и во текот на ковид-кризата. Потврда за тоа не се само показателите што ги следат двете институции, туку и согледувањата и оцените на меѓународните финансиски институции за отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови. Кон нив се надоврзуваат и оцените од најновиот извештај на агенцијата „Стандард и Пурс“, во којшто е нотирано дека банкарскиот систем останува стабилен.
Двајцата соговорници истакнаа дека токму здравиот, сигурен и стабилен банкарски сектор испорачува клучен придонес за севкупната финансиска стабилност и стабилизирање на очекувањата на инвеститорите, а со тоа и поддржување на економскиот раст.
Во рамки на средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска на министерот Бесими му го честиташе изборот за министер и почетокот на неговиот мандат. Притоа искажа и уверување дека во претстојниот период стручните тимови на Министерството за финансии и на Народната банка, покрај соработката во рамки на редовните институционални активности, заеднички ќе бидат посветени и на финализирање заеднички проекти, меѓу коишто се новиот Закон за платежни услуги и платни системи, Законот за макропрудентен надзор, како и други закони кои треба да доведат до дополнително зајакнување на финансискиот систем.
Воедно се планираат нови проектни активности што ќе претставуваат заеднички придонес за домашната економија.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)
НБРМ
Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)
НБРМ
Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“
Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.
Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје