Connect with us

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Одговорот за побрзо надминување на кризата лежи во вложување во дигитализацијата и човечкиот капитал

Објавено

на

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Џерек Бас.

Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето на нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побрзо да одговори на потребите кои ги наметнува новата состојба. Оттаму, вложувањето во новите технологии, со паралелно инвестирање во човечкиот потенцијал – подобрување на квалификациите и креирање на нови вештини, се начин за враќање на економиите во позитивната зона, а потоа и на патеката на одржлив економски раст, беше посочено на средбата.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на ефекте од пандемијата врз домашната економија, којашто минатата година забележа пад од 4,5,%, слично на просечниот пад во земјите од регионот. Притоа таа посочи дека без интервенцијата на монетарната и фискалната политика, падот на економската активност веројатно би бил поголем. Во однос на централната банка, беше укажано дека уште од почетокот на кризата, монетарната политика беше релаксирана, а воедно беа преземени мери со кои се овозможи регулаторна флексибилност и привремено олеснување на финансискиот товар на приватниот сектор. Ваквите мерки озвозможија зголемување на ликвидноста во економијата, полесен  пристап до финансирање и поддршка на економската активност. Имено беше посочено дека кредитната активност континуирано расте, а воедно се намалува и цената на кредитирањето. Овие движења на кредитниот пазар се поддржани и од стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, што се огледа од неговите добри перформанси и ниската стапка на нефункционални кредити.

Во вакви околности, како и во услови на подобрување на епидемиолошката состојба и стабилизирање на довербата беше констатирано дека домашната економија постепено закрепнува. Во првата половина од годината остварен е раст на бруто-домашниот производ од 5,2%, што речиси се совпаѓа со проекциите на Народната банка за овој период (5,4%).

Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањето за инфлацијата, при што беше истакнато дека во глобални рамки, се забележува забрзување на инфлацијата под влијание на растот на цените на примарните производи и привремени фактори предузвикани од пандемијата Стабилизирање на растот на цените се очекува веќе во текот на следната година, а движењата постојано и внимателно се следат.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23%

Објавено

на

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Обединетите нации: „Како да се обезбеди финансирање на одржливиот развој“, на панел-дискусијата „Што можат да направат банките и компаниите за одржливиот развој?“ (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 22 декември. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 7 декември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Започнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Објавено

на

Денес започна петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. (more…)

Продолжи со читање



Популарно