Connect with us

Анализи

Србија размислува за продолжување на мораториумот на кредитите!?

Објавено

на

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, за дополнителен мораториум за отплата на кредитните обврски под одредени услови, како за физички лица, така и за компаниите, барем за уште два месеци, пишува „Bankar.rs“.

Во првиот пакет економски мерки, на стопанството и населението им беше дадена можност за мораториум на кредитните обврски за период од три месеци. Повеќе од 92 проценти од компаниите ја искористија можноста да ја оддложат отплатата на кредитните обврски.

Претходниот мораториум траеше 90 дена, а банките и лизинг компаниите беа должни да објават известувања за понудата на своите веб-страници во рок од три дена од влегувањето во сила на одлукатта додека должникот имаше рок од десет дена да ја одбие понудата, а ако не го сторил тоа – се сметаше дека понудата била прифатена на десеттиот ден.

По завршувањето на мораториумот, клиентот продолжува да ги извршува обврските редовно, според планот, а рокот на отплата всушност е продолжен за три месеци, додека каматата пресметана за време на мораториумот се припишува на долгот и рамномерно се распределува на останатите рати.

Имено, На 17-ти март годинава, Народната банка на Србија донесе решенија со кои се предвидува одложување на отплатата на обврските на должниците.

Мораториумот беше пропишан за сите должници кои го сакаа тоа (поединци, земјоделци и претприемачи и компании) и тоа значеше одложување на отплата на обврските по сите основи – кредити, дозволени пречекорувања или кредитни картички.

Клиентите кои го прифатија мораториумот ќе го вратат заемот три месеци подолго, а нивната месечна рата ќе се зголеми за неколку евра или динари.

Македонските банки во договор со Македонската банкарска асоцијација и Народната банка донесоа одлука да ја одложат отплатата на кредитите за период од шест месеци, а македонските граѓани, идентично како и српските, имаа можност во рок од десет дена да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата за одложување на обрските или продолжуваат со отплата.

Со оглед дека ситуацијата со вирусот Ковид-19 продолжува да ескалира и бројот на заболени речиси секојдневно се зголемува, бројот на починати лица како последица на коронавирусот е веќе драматично висок, а министерот за здравство, како и здравствените работници и епидемиолозите предвидуваат нов бран наесен, иако ниту првиот сеуште не е завршен, се поставува прашањето: „Дали може да се очекува враќање на рестриктивните мерки, а со тоа и ново одложување (мораториум) на кредитните обврски?”.

Со оглед на големиот период (6 месеци) за кој македонските банки ја одложија отплатата на кредитните обврски, тешко е за верување дека ќе дојде до ново дополнително одложување. Но, тука пред се ќе зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот. Доколку, дојде до нов многу потежок бран на Ковид-19 како што се најавува, неопходно ќе биде повторно да се воведат рестриктивни мерки, да се затворат угостителските субјекти, туризмот кој и онака е на работ на егзистенција, повторно ќе доживее голем удар и сите останати засегнати сектори.

Тоа ќе значи дека одредени луѓе повторно ќе останат без приходи или со значително намалени приходи, а тоа банките ќе мора да го имаат предвид и ќе мора да најдат разбирање и дополнително да им ги одложат кредитните обврски. Сепак, тоа ќе донесе дополнителни загуби и потешкотии во функционирањето на банкарскиот сектор, кој е движечка сила на стопанството, а тоа ќе донесе и дополнителни загуби за економијата.

Во услови кога има мораториум на кредитните обврски, повеќето банки значително го намалуваат кредитирањето или дури и целосно го стопираат, а тоа ќе биде секако огромен удар, како за граѓаните, така и на компаниите.

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно