Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Спојувањето со Шпаркасе банка, носи промени во Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Собранието на Охридска банка АД Скопје, на седницата која ќе се одржи следниот месец на 08.11.2019 година, донесе Предлог – одлука за разрешување на сегашните членови на Надзорниот одбор на Банката и именување на нови членови.

Согласно Предлог – одлуката се разрешуваат досегашните членови на Надзорниот одбор на Охридска Банка АД
Скопје:

  • Жан-Филип Гијом, претседател и член на Надзорниот одбор,
  • Ален Жерард Конус, член на Надзорниот одбор и
  • Марија Којчева-Русева, член на Надзорниот одбор.

На местото на членовите кои се разрешуваат, Собранието ќе именува нови членови на Надзорниот одбор на Банката.

За нови членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се именуваат:

  • Георг Бухер од Р. Австрија, роден 1962 година, со висок степен на образование, правни студии.
  • Ханс Лудвиг Диксер од Р. Австрија, роден 1967 година, со висок степен на образование, студии по право.
  • Славиша Којиќ од Р Австрија, роден 1978 година, со висок степен на образование, диплома по бизнис.
  • Валбурга Зајдл од Р. Австрија, родена 1973 година, со висок степен на образование, магистер по социјални и економски науки и бизнис администрација.

Новоименуваните членови се дел и од Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор ќе трае 4 (четири) години.

Оваа Предлог – Одлука стапува на сила откако ќе се изгласа на претстојната седница на Собранието на Охридска банка АД Скопје, а потоа и по добивањето на согласност од гувернерот на НБРСМ за новоименуваните членови, кои ќе стапат на местото на членовите што се разрешуваат.

Домашни банки

УНИБанка оствари добивка од 161,9 милиони денари за 9 месеци во 2019 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2019 година, делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со негативен финансиски резултат го заокружи третиот квартал од 2019 година

Објавено

на

Податоците од финансискиот извештај за работењето во третото тримесечје од 2019 година, објавен на Македонска берза покажуваат дека Централна кооперативна банка АД Скопје има остварено негативен финансиски резултат, кој е послаб во однос на истиот период од минатата година, кога банката забележа добивка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје се соочува со лажен Фејсбук профил и лажни награди

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се појави лажна Facebook страна со име “Stopanska banka AD”, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange