Колумни
Спортот како алатка за перење на пари

Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн.
Популарноста на најважната споредна работа во светот (фудбалот) и неговата голема распространетост во игрите на спортските обложувалници за жал во значителна мера допринесува за зголемување на овој ризик.
Големината на глобалниот пазар на обложувалници се проценува на 1,7 трилиони евра, а само фудбалот е застапен со 895 милиони евра, преку што може да се види неговото значително учество. Согласно одредени истражувања се проценува дека спортската корупција на годишно ниво е приближно 85 милијарди евра а особено внимание кај криминалните организации привлекува фудбалскиот сектор богат со готовина во Европа.
Анализи на Европол идентификуваат врски помеѓу поединците вклучени во манипулација со спортски натпревари на пониско ниво само заради финансиска корист и други пософистицирани криминални мрежи што се наоѓаат зад сцената. Криминалните мрежи честопати се „моторот“ зад корупцијата во спортот и честопати ја користат оваа криминална активност за перење на нивните незаконски стекнати средства.
Криминалните мрежи се претежно хетероген состав и вклучуваат инвеститори / финансиери, посредници и обложувалници. На пониско ниво се вклучени корумпирани спортисти, судии, менаџери / директори на клубови и службени лица, агенти итн. Овие субјекти дејствуваат на добро координиран начин и оркестрирани шеми за манипулација на кој било професионален спортски настан за кој е можно да се добие финансиска добивка преку обложување. Во најголем дел организираните криминални групи ги користат азиските обложувалници за да обезбедат финансиска добивка од наместени фудбалски натпревари.
Азиските криминални организации се „мотор“ зад местењето натпревари. Ова особено се должи на фактот дека приближно 65% од светскиот пазар на обложувалници се наоѓа во Азија.
Покрај тоа, мрежите во Југоисточна Азија, а особено кинеските, се обидуваат ги добијат уделите во помали фудбалски клубови кои што се западнати во финансиски тешкотии заради што подобра манипулација. Во овој поглед, поединци и компании се вклучени во преземањето контрола (или обид да се стори тоа) на фудбалските клубови во Европа заради местење на натпревари.
Широката употреба на новоразвиени апликации за целите на спортското обложување преку Интернет ја прави спортската корупција, криминална активност целосно под влијание на технологијата преку Интернет. Коцкањето преку Интернет е најбрзо растечката услуга во овој сектор. Генерално, веб-базирани платформи сè повеќе се користат од членовите на криминалните групи вклучени во спортска корупција не само за вршење на облози, туку и за овозможување на криптирана комуникација, за трансфер на пари или за пристап и евентуално регрутирање на спортисти (на пр. преку социјални мрежи). Криминалците во голема мера ги користат така наречените “електронски новчаници” (e-wallet) заради пренос на нелегално стекнати пари.
На врвот на криминалната структура се лидерите на организираните криминални групи кои често се и финансиерите криминалните активности. Посредниците работат на ниво подолу. Тие се одговорни за координација на шемите за местење на натпревари и дејствуваат помеѓу финансиерите и оние кои директно влијаат на натпреварите (како што се играчи и судии) кои работат на најниско ниво на криминалната организација. Посредниците обично работат во повеќе земји, па дури и на различни континенти, се одговорни за наоѓање најдобри можности во однос на идентификување и насочување кон специфични спортови, натпревари и релевантни спортски актери.
Тие се исто така одговорни за потрагата по други потребни ресурси за организирање и успешно спроведување на целиот процес на местење на натпреварите. Овие ресурси може да вклучуваат: посредници на локално ниво, ИТ експерти, експерти за обложување, лица кои што се соучесници и креираат мноштво обложувачки сметки, субјекти кои дејствуваат како врски на азискиот пазар за обложување и финансиските експерти (да се олесни протокот на пари и процесот на перење во покомплексни операции).
Посредниците обично се вклучени во дефинирање на економските услови за извршување на шемата за местење како и поставување и извршување на коруптивни плаќања, како и за идентификување, регрутирање и одржување на директни контакти со корумпирани играчи, тренери, судии, па дури и менаџери на спортски клубови. Многу често се вклучуваат и поранешни играчи со значително искуство и репутација во спортскиот сектор да бидат привлечени од посредниците, заради нивното влијание врз активните спортисти. Овие, поранешни играчи и спортски легенди можат да работат и како посредници со цел да се идентификуваат „соодветни“ играчи кои се подготвени да работат за криминалните групи. Во многу од случаевите играчите кои што прифаќаат да се дел од криминалните групи, вршат чести трансфери од еден во друг клуб / земја, каде што можат многу пати и често незабележано од властите, да вршат измами во корист на криминалните групи.
Перењето пари преку спортска корупција може да биде релативно директна активност, каде помали суми пари се перат директно преку обложувалници со нелегални средства и се претвораат во „легитимни“ победи во обложувалниците. Повисоки количини на готовина често влегуваат во финансискиот систем преку нерегулирани оператори за обложување преку Интернет особено во Азија. Овој процес обезбедува анонимност и незабележливост преку познатиот „азиски модел на обложување“ или „системот на агенти“.
Перењето пари може да се случи и преку онлајн обложување, вклучително и нерегулирани / нелегални оператори на обложувалници. Покрај тоа, нерегулираните оператори за обложување не ги почитуваат регулативите за спречување на перење пари со тоа што не обезбедуваат информации до релевантните финансиски регулатори и не соработуваат со агенциите за спроведување на законот. Во овој поглед, многу обложувалници (особено азиски) имаат лиценци во оф-шор земјите. Примери вклучуваат обложувалници лиценцирани во зони на слободна трговија во Азија, каде што офшор банкарството е еден од главните економски сектори; или во одредени земји од Централна Америка (на пример, земји од Карибите). Многу од обложувалниците лиценцирани во овие области не би можеле да работат легално во други земји.
Продажба на играчи “духови”
Една од последните информации поврзани со овој вид на измами е продажбата на непостоечки играчи. Агентите користат измислени трансфери на фудбалери преку одредени клубови, најчесто во помали земји и помалку познати клубови, заради перење на пари и затајување на данок. Трансферите на играчите се извршени само на хартија. Лицата кои што ги вршат овие видови на трансфери користат многу софистицирана мрежа на компании, преку кои што ја кријат својата сопственост. Голем дел од парите потоа се користат преку купување на луксузни добра како недвижнини и јахти.
Како Covid 19 влијаеше на криминалните групи?
Со оглед дека на почетокот со кризата Covid-19 спортските натпревари и мечеви беа целосно сопрени, тоа придонесе за удар врз криминалните групи. Меѓутоа нивната снаодливост неколку пати се покажа на дело. Се креираа така наречени “ натпревари духови”, каде што лажно се прикажува до обложувалниците дека ќе се одигра одреден натпревар. Ова беше придружено со реклами на социјалните мрежи, лажни блогови, веб страници. Се креираат непостоечки состави, статистики и резултати од натпреварот.
Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари
Колумни
Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!