Connect with us

Останато

Според Европската централна банка намалена е стапката на фалсификување евра

Објавено

на

Бројот на запленети фалсификувани банкноти, воглавно од по 20 и 50 евра, опаднал во првата половина од 2018 година, објави Европската централна банка. Вкупно од јануари до јуни 2018 година, од оптек се повлечени 301.000 фалсификувани банкноти.

Во првата половина од 2017 повлечени биле 331.000 фалсификувани банкноти, а во втората половина од минатата година 363.000. Банкнотите од по 20 и 50 евра најмногу се фалсификуваат, и учествуваат со 83% во сите фалсификувани евра.

Според Банката, веројатноста да дојдете во контакт со фалсификувани евра е минимална. Моментално во оптек има повеќе од 21 милијарда вистински банкноти, со вкупна вредност поголема од 1.100 милијарди евра.

 

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange