Connect with us

Домашни банки

Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Објавено

на

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле.

На списанието внимателно работеше професионална новинарска екипа со цел да обезбеди содржини во кои повозрасната публика ќе може да најде убавина и релаксација и содржина со која со радост ќе го исполни своето секојдневие. Меѓу убавините на Македонија, ги потсетивме на пештерата Пешна, на најмалиот етнолошки музеј на светот во Џепчиште, Музејот на тутунот во Прилеп, Музејот на виното во Демир Капија, но и убавините на туристичката дестинација Анталија, во Турција. Исто така, за вредните домаќинки и домаќини предложивме неколку интересни рецепти.

Со тиражот од 2000 примероци списанието ќе биде дистрибуирано до сите повозрасни граѓани кои што ја користат услугата на Халкбанк – Пензија до дома, преку АД Пошта, а ќе биде достапно и во филијалите на банката.

„Списанијата некогаш биле наше секојдневие, денес сè поретко се тоа. Во Халкбанк имавме желба носталгично да се потсетиме на оваа убава навика, да прочитаме весник, да нурнеме во богатите содржини и да испиеме топол чај или кафе. Подготвивме содржини кои на нашата повозрасна публика ќе им понудат четива корисни за нивното слободно време. Како да го поминат викендот, што да прочитаат, каде да прошетаат. Ветуваме уште многу вакви изданија, во кои нашата публика ќе ужива” – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.

Во списанието се опфатени и моменти од дружбите реализирани изминатите месеци, како што беа спомените создадени со внуците за време на проекциите на филмови во Скопје и Битола, како и неколкуте игранки низ Македонија, на кои пензионерите се дружеа со пејачката Блага Петреска.

Оваа платформа ќе нуди уште многу изненадувања и програми, за кои повеќе информации може да проследите на веб-страницата www.cuvarinamudrosta.mk

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно