Connect with us

Анализи

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ: Капиталот и неговата адекватност во комерцијалното банкарство

Објавено

на

Како банките успеваат со толку минимално учество на сопствениот капитал во вкупните средства, да обезбедат дополнителни извори на финансирање за континуитет во своето работење?

Отсуството на доволен износ на капитал е лимитирачки фактор за банкарските активности, а со тоа, ограничениот капитал е кочница и за поголема профитабилност, односно максимизирање на пазарната вредност на банката

На оваа тема ја објавуваме специјализираната статија од Проф. д-р Синиша Наумоски, за научниот кварталник за финансии „e-Finance“ од Република Полска.

Ревидираните финансиски извештаи на трите најголеми комерцијални банки во македонскиот банкарски систем покажуваат две работи:

  • учеството на капиталот во однос на средствата е значително повисоко од минимално потребнота стапка на адекватност на капиталот, која банката е должна посотојано да ја оджува не пониска од 8%; и
  • покажуваат меѓусебни разлики во поглед на нивното учество на капиталот во однос на средствата (адекватност на капиталот);

Во контекст на ваквите податоци од табелата, се отвараат неколку прашања:

  • Какво е значењето на капиталот во банкарството?
  • Каква е структурата на изворите на банкарски капитал?
  • Како се пресметува стапката на адекватност на капиталот?

Како што знаеме, капиталот е еден од неопходните ресурси за функционирање на организациите. Отсуството на доволен износ на капитал е лимитирачки фактор за банкарските активности, а со тоа, ограничениот капитал е кочница и за поголема профитабилност, односно максимизирање на пазарната вредност на банката. Оттука, може да се каже дека ефикасното функционирање и стабилноста на една банка, се во директна зависност од големината и соодветноста на нејзиниот капитал.

Кога говориме за капиталот, треба да правиме јасна дистинкција помеѓу банкарскиот капитал и капиталот во небанкарските институции. За разлика од останатите небанкарски организации во општеството, каде што потребата од капитал е значително поголема, во случајот на банките и останатите финансиски институции поврзани со финансиски услуги, потребата од капитал е значително мала. Имено, причината за тоа, треба да ја бараме во фактот што банките имаат низок левериџ што укажува на тоа дека учеството на капиталот во вкупните средства на банката е многу мало. Тоа се поткрепува со точката 3 во Одлуката на НБРСМ во која, се вели: “Банката е должна постојано да одржува стапка на адекватност на капиталот, која не може да биде пониска од 8%”. Со други зборови кажано, учеството на капиталот во вкупните средства на банката, да не биде пониско од 8%.

Како банките успеваат со толку минимално учество на сопствениот капитал во вкупните средства, да обезбедат дополнителни извори на финансирање за континуитет во своето работење?

Одговорот на ваквото прашање е дециден: дополнителните извори на финансирање во банкарството се обезбедуваат преку зголемување на депозитите т.е. со зголемување на изворите на мобилизирани средства во пасивата на банката. Тоа најдобро може да се согледа преку илустративно прикажување на пасивата од Билансот на состојба во банката “НН” (види Табела 1).

За таа цел, менаџментот на банката “НН” треба да обезбеди рамнотежен однос на обемот на капитал од една, со моменталните потреби на банката, од друга страна. Имено, таквата рамнотежа се темели на добрата способност на менаџментот во процесот на мониторинг и прелиминарните проценки за изворите на дополнителен капитал потребен за банката”НН”.

Капиталот на банката може да се набљудува и од стојалиште на ризикот во банкарското работење. Тоа значи дека помеѓу капиталот и ризикот постои позитивна врска. Во оваа насока, Џонатан Г. во неговото истажување ќе истакне: “капиталот ја претставува последната линија на одбрана во услови на кредитни загуби”. Ваквото тврдење, илустративно може да се прикаже како на Слика 1.

Пред повеќе од една деценија или поточно во 1998 година, Управата на федералните резерви на САД и представниците на останатите водечки земји во светот, направиле спогодба за новите стандарди на банкарскиот капитал. Имено, ваквиот пакт се нарекуваБазелска спогодба, како обележје на градот Базел, во Швајцарија, каде меѓу другото таквата спогодба е потпишана.1 Од тој момент па наваму, новите базелските стандарди се применуваат како унифицирани во сите банкарски институции на земјите потписнички.

Според тоа, првобитните Базелски стандарди во функција на капиталот во банките денес, се познати како Базел I и истите наметнуваат потреба од негова диверзификација според изворите. Имено, под такви услови на првата Базелска спогодба, изворите на капиталот во банките се поделени во две основни групи:

(1) Основен капитал (примарен);
(2) Дополнителен капитал (секундарен).

Оттука, вкупниот сопствен капитал или сопствените средства на една комерцијална банка претствауваат збир на основниот капитал, дополнителниот капитал I и дополнителниот капитал II. Износот на сопствените средства, како и дополнителниот капитал I, банката може да го корисити за покривање на кредитниот ризик, валутниот ризик, ризикот од промена на цените на стоките и пазарните ризици. Додека, износот надополнителниот капитал II може да се корисити само за покривање на пазарните ризици со искучок на одредените намалувања. Илустативно, тоа е предствено на Слика 2.

Основниот (примарен) капитал на банката претставува збир од следните позициите прикажани во табелата:

Во рамките на секундарниот капитал, во банката се содражни: дополнителен капитал I и дополнителен капитал II. Истите може да се погледнат во Табела 3.

Структурата на банкарската актива ја сочинуваат позиции кои во себе содржат различен степен на ризичнот, па според тоа и нивното учество во активата пондерирана според ризиците ќе биде различно. Тоа најдобро може да се види од приказот подолу, каде е даден хипотетички пример за пресметувањето на ризичнопондерираната актива.

При пресметката на активата пондерирана според ризиците, како основица на пондерот се земаат позициите во активата на билансот во нето-износ, како разлика помеѓу нивната сметководствена вредност и соодветниот износ на исправката на вредноста, акумулираната амортизација и ефектите од промена на објективната вредност. Исто така, врз основа на Базелскиот договор, за пресметка на задолжителното ниво на капитал, за секоја банка, се применуваат коефициенти на кредитен ризик на сите билансни и вонбилансни позиции. Имено, секоја билансна и вонбилансна позиција се множи со соодветниот коефициент на ризик, за да на крајот се добие активата пондерирана според ризиците.

Според тоа, стапката на адекватност на капиталот се пресметува како однос помеѓу сопствените средства (вкупниот сопствен капитал) и активата пондерирана според ризикот.

Со цел, да се направи правилна проценка на адекватноста на капиталот, банките се должни да направат квантификација на ризиците во структурата на средствата, а особено на кредитниот ризик. Затоа велиме дека банката е должна да располага со адекватно ниво на капитал потребно за покривање на кредитниот ризик, валутниот ризик и пазарните ризици. Според банкарската регулатива, капиталот потребен за покривање на ризиците се бара да биде еденаков или повисок од 8% од активата пондерирана според ризиците. Додека пак, регулативата вика, активата пондерирана според ризиците да биде еднаква или повисока од 12,5% од капиталот потребен за покривање на ризиците. Во интерес на нашата истражувачка работа, постапката за пресметување на адекватноста на капиталот во банките ќе биде илустрирана со користење на еден хипотетички пример.

Хипотетички пример:

  • Според локалната регулатива на банката, пондерите на ризичност во структурата на активата се следни:- готовите парични средства и државните обврзници имаат пондер на ризичност 0%;

    –  стаnбените хипотекарни кредити имаат пондер 50%;-  останати кредити на клиенти имаат пондер 100%

  • Понатаму, во примерот се вели дека Банката “НН” располага со средства во висина на 200 парични единици, и тоа:

Додека на страна на пасивата, обврските изнесуваат 190 п.е., при што истите се во целост, по основ на депозитни прибирања на банката.

Како што знаеме по основи на сметководство, по дефиниција капиталот е еднаков на средствата минус обврските. Тоа, во нашиов случај би било (200п.е. – 190 п.е.)10 п.е. Понатаму, актива пондерирана според ризик (ризичнопондерирана актива -РПА), банката ја пресметува на следниов начин:

Од приказот погоре, се гледа дека за 200 п.е. средства банката треба да има 130п.е. капитал или со други зборови кажано, вкупниот ризик на активата изнесува 130 п.е. Оттука, стапката на адекватност на капиталот ќе биде пресметана на следниов начин:

За разлика од Базел I, кога се применуваше иста стапка на пондер за ризичност за секоја категорија во активата на билансот на состојба, со примената на Базел II, при пресметката на ризичнопондерираната актива според степенот на ризичност се врши рангирање на елемнтите.2 Од ова, може да заклучиме дека во комерцијалната банка “НН” според БазелII, кредитите се рангираат според нивниот рејтинг, при што, за секоја различна категорија на кредити се применуваат различни пондери. Сега, доколку го илустрираме истиотхипотетички пример, од предмалку, но според Базел II, би изгледал вака:

  • Банката “НН” располага со средства во висина на 200 парични единици, и тоа:

  • Ризичнопондерирана актива – РПА, банката ја пресметува на следниов начин:

Од приказот погоре, се гледа дека за 200 п.е. средства банката треба да има 119 п.е. капитал или со други зборови кажано, вкупниот ризик на активата изнесува 119 п.е. Од ова, стапката на адекватност на капиталот ќе биде пресметана на следниов начин:

На крајот, може да заклучиме дека капиталната спогодба Базел II предвидува промени во начинот на утврдување на ризично пондерираната актива, додека начинот на утврдување на гарантниот капитал (основниот капитал) останува ист како и во постојната капитална рамка. Имено, промените во утврдувањето на РПА – ризично пондерираната актива се однесуваат на промени во третманот на кредитниот ризик и на вклучувањето на оперативниот ризик.3

Во текот на ревизијата на успешност, при оценка на состојбата со капиталот во комерцијалните банки, правиме финансиска анализа по пат на користење на аналитички показатели. Таквите аналитички постапки за адекватноста на капиталот укажуваат на потребите за капитал во банката од една, како и создавање и развој на стратегии за задоволување на таквите потреби, од друга страна. За правилно извршување на оваа анализа, менаџментот на банката во континуитет треба да ја набљудува состојбата поврзана со динамиката на капиталот, како и да ги идентификува факторите кои што влијаат врз адекватноста на капиталот во секој момент од деловното работење. Имено, станува збор за следниве аналитички постапки:

Показател за квалитет на капиталот ПКК – ваквиот коефициент го покажува соодносот внатре во структурата на сопствените средства на банката, и тоа помеѓу основниот фиксен капитал на банката од една, и вкупниот износ на соствениот капитал, од друга страна.

Финансиски левериџ ФЛ – пресемтување на соодносот помеѓу обврските на банката и вкупните средства (актива). Ваквиот коефициент покажува, колкав е делот на позајмени средства (обврски) на банката во вкупниот волумен на сопствениот капитал на банката или со други зборови кажано, претставува релативниот однос помеѓу сопствените и туѓите извори на капитал.

По извршените пресметки на аналитичките показатели за адекватноста на капиталот на водечките комерцијални банки во конкретната земја од ЕУ во примерокот, може да се констатира дека подеднакво слични резултати, со просек некаде околу 20% стапка на адекватност на капиталот, поседуваат и големите и малите банки, што покажува, добар сигнал за целокупниот национален банкарски систем.

Македонскиот банкарски систем

Според тоа, како заеднича карактеристика за македонскиот банкарски систем во целост, може да се каже дека е отпорен на цикличните пазарни текови од една, и покажува стапка на адекватност на капиталот која може да одговори на новите капитални регулативи пропишани со новата капитална спогодба Базел III.

Состојбите дома, согласно податоците на НБРСМ од првиот квартал за 2020 година покажуваат стапка на адекватност на капитал од 16,5%, што е за 0,2 процентни поени повисоко споредено со крајот на 2019 година.

Македонскиот банкарски систем во првата половина на 2020 година покажува континуитет низ годините со двоцифрена стапка на адекватност на капиталот која се движи над 16,5%, и во целост ги задоволува стандардите на капитална спогодба Базел III. Oсновната цел на новата капитална спогодба е воведување реформи за зголемување на нивото и квалитетот на соспстените средства на банките.

Имено, тоа подразбира да се стави поголем фокус на акционерскиот капитал, односно обичните акции и задржаната добивка, отколку на инструментите со должнички карактеристики и понизок квалитет. Суштински, со новите правила на Базел III, минималниот однос помеѓу акционерскиот капитал и активата пондерирана според ризикот, се зголемува од сегашните 2% на 4,5%. Понатаму, зголемувањето на овој однос ќе биде проследено и со зголемување на стапката на основниот капитал (Tier 1) од 4% на6%.

Стапка на адекватност на капиталот согласно Базел III – перспективи

Стапка на адекватност на капиталот од минимум 10,5% до максимум 13%. Ова значи дека основниот капитал (Tier 1) се зголемува од 4% на 6%, така што со новите стандарди, неговиот минимум ќе биде 6%, но сега кога ќе се придодаде на тоа и дополнителен износ за зачувување на капиталот од 2,5%, тој ќе го достигне до 8,5%. Имено, неговиот максимум може да достигне и до 11% доклку во целост НБРСМ го воведе барањето за издвојување противцикличен капитал.

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се десетте најголеми компании на Балканот?

Објавено

на

Најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија според вкупните приходи од работењето е словенечки „Петрол“ со годишен приход од 3,6 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Пет македонски банки во топ 100 банки во југоисточна Европа

Објавено

на

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно