Домашни банки
Со Visa Business Debit на Комерцијална банка уплата на дневен промет на банкомат без надомест до 31.03.2022 година


Корисниците на Visa Business Debit картичките од Комерцијална банка ќе можат да вршат уплата на дневен промет на банкомат без надомест до 31.03.2022 година. Банката до 31.03.2022 година го продолжува и промотивниот период во кој од надомест во текот на целиот ден се ослободени сите готовински уплати по основ на дневен пазар (шифра 800, 801, 802 и 803) реализирани од правни лица во експозитурата East Gate Mall.
Со дигиталните услуги на Комерцијална банка уплатата на дневен промет може да се изврши брзо, едноставно и безбедно. Оваа финансиска услуга е достапна на 42 банкомати на Банката во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Дебар, Делчево, Гевгелија, Кичево, Виница, Ресен и Штип. При уплата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари.
Повеќе информации за локацијата на банкоматите на Комерцијална банка може да добиете на следниот линк.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје