Connect with us

Домашни банки

Со услугата „CashIn“ на банкоматите на ТТК Банка АД Скопје, немате потреба од шалтери!

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје овозможи дополнителни услуги на банкоматите преку воведување на функционалноста „CashIn“. Со оваа функционалност корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица ќе имаат можност да го уплатат дневниот пазар. За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со VISA платежните картички.

ТТК Банка со својата мрежа на банкомати е присутна во 18 градови во Македонија.

Постапката за уплата е едноставна и брза, додека пак уплатените парични средства се веднаш на располагање по направената уплата.

На овој начин ТТК Банка АД Скопје овозможува подостапни и поедноставни услуги скратувајќи го потребното време и трошоци за уплата и исплата на готовина независно од локацијата и работното време на експозитурите и филијалите.

Мултифункциските банкомати се на располагање на корисниците во рамките на филијала Скопје на ул. „Народен фронт“ бр. 19а, Скопје, филијала Тетово на бул. „Илинденска“ бр. 2б, Тетово, филијала Битола на ул. „Столарска“ бр. 7, Битола, бул. „Јане Сандански” бр. 26, влез 2, локал 4 Скопје,ул. „Иво Лола Рибар” бр. 18- Гостивар.

Целата мрежа на банкомати е достапна на следниот линк.

Следејќи ги пазарните трендови, ТТК Банка АД Скопје продолжува посветено да вложува во развој на технолошки напредни производи и услуги.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно