Connect with us

Домашни банки

Со сопствен фотоволтаичен систем Комерцијална банка спречи емисија на 18,7 тони CO2

Објавено

на

Комерцијална Банка АД Скопје во декември 2018 година инсталираше сопствен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија на површина од 130 м2, лоциран на покривот на деловниот објект на Банката во центарот на Скопје.

Една година подоцна, Комерцијална Банка АД Скопје со гордост ги објавува резултатите од работењето на фотоволтаичниот систем:

  • Произведена електрична енергија за период од 12 месеци: 33 MWh.
  • Заштеда на CO2: 18,7 тони (толку СО2 би се испуштило во атмосферата доколку оваа количина на електрична енергија би се произвела во термоцентрала, не сметајќи го дополнителното загадување од ПМ честици, сулфур-диоксид и чад)
  • Оваа заштеда на COе еквивалентна на засадување на 480 дрва, кои ја апсорбираат наведената количина COод атмосферата.
  • Со досега произведената сопствена електрична енергија би можеле да се извозат 125.000 километри со електричен автомобил.

Во досегашното работење на фотоволтаичниот систем не е забележан ниту еден проблем и немало ниту една сервисна интервенција. Системот продолжува да работи во функција на намалување на загадувањето и во рамките на напорите за општествена одговорност на Банката.

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на (more…)

Продолжи со читање


Популарно