Connect with us

Останато

Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати

Објавено

на

Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за фирмите кои бележат пад на приходите како резултат на кризата и тоа надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари, согласно падот на приходите на фирмите. По усвојување на реабалансот фирмите ќе можат да аплицираат за мерката, рече министерот за финанси Фатмир Бесими на вечерашното гостување на „Топ Тема”.

„Штом помине ребалансот, средствата ќе бидат обезбедени и тогаш ќе може да се спроведе постапката, затоа што официјално со закон без да ги имаш обезбедено средствата не можеш да објавиш оглас за било што, било тоа да се работи за јавна набавка, било да се работи за субвенции во конкретниот случај или трансфер” – рече министерот за финанси.

Тој посочи дека оваа мерка ќе функционира во следните три месеци и ќе биде насочена кон внесување на ликвидноста во стопанството и кон зачувување на работните места.

Во претходниот период со оваа мерка беа поддржани во просек 19.322 фирми и 116 илјади работни места.

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно