Connect with us

Останато

Со новите измени на законот за банки, царината ќе има увид во банкарските сметки на граѓаните

Објавено

на

Банкарските сметки на граѓаните нема повеќе да бидат банкарска тајна за Управата за јавни приходи и за Царинската управа. Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Царинската управа, пак, ќе има увид во овие податоци со поднесување на писмено барање до банките. Во образложението на законот, кој деновиве е ставен на јавна расправа на ЕНЕР стои дека со овие измени ќе се овозможи Царината да врши присилна наплата на царинските давачки а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

„УЈП од 2019 година ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, УЈП има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните, заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.“

До сега УЈП добиваше податоци од банките само со претходно писмено барање, а во Законот за банки не беше предвидено Царината да ги добива на увид трансакциските сметки на граѓаните.

Јавната расправа за законот ќе трае уште петнаесетина дена. Од Министерството за финансии, велат дека со измените засегнати страни се банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и тие можат да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии. Но засега, нема никакви коментари на законот.

Извор: www.24.mk

Останато

PayPal го купи Hyperwallet за 400 милиони долари

Објавено

на

PayPal го продолжи своето шопинг шоу со готовински договор вреден 400 милиони долари за да се здобие со платформата за исплата на е-трговија Hyperwallet. Аквизицијата доаѓа на грбот на неодамнешните договори за купување на шведскиот iZettle за 2,2 милијарди долари и трговска марка Jetlore.

Договорот за Hyperwallet ќе и овозможи на компанијата да обезбеди целосен пакет услуги за плаќање на купувачите и продавачите кои користат онлајн пазари.

“Платформите и пазарите за е-трговија се изедначување на мало поле за играње преку поврзување купувачи кои имаат специфични потреби со групи на продавачи кои можат да ги исполнат”, вели Бил Ready, главен оперативен директор на PayPal. “Трговците и давателите на услуги кои ги користат овие платформи сакаат брз, ефикасен, флексибилен и сигурен пристап до нивните приходи, кога и каде и да им се потребни. Со стекнување на Hyperwallet, ќе ја зајакнеме нашата способност да обезбедиме интегрирано решение крај на крај на повеќе од 200 пазари. ”

Трансакцијата се очекува да се затвори во четвртиот квартал од 2018 година.

Продолжи со читање

Останато

Обука за ментори за организациски развој

Објавено

на

Дводневна обука за ментори за организициски развој ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија во организација на Македонското здружение за заштита при работа и во соработка со Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија.

Учесниците на обуките ќе се стекнат со знаења и како идни ментори од нив се очекува да ги пренесат своите знаења и искуства во матичните компании.

Обуките се наменети за претставници од Македонското здружение за заштита при работа, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи, Македонското здружение по медицина на трудот и Стопанската интересна заедница на заштитни друштва во Македонија.

Продолжи со читање

Останато

Квалитетни податоци и анализи- основа за ефективни политики

Објавено

на

“Квалитетни податоци и анализи – основа за ефективни економски политики. Реалност или предизвик?” е настан во организација на Finance Think, а поддржан од Civica Mobilitas.

Тркалезната маса вклучува формална дискусија и промоција на прирачникот „Истражувачки алатки во економијата: Перспектива на тинк тенк“. Преку стручна дискусија се очекува да се дадат одговори на прашањата за предизвиците и можностите за прибирање и достапноста на податоци, пописот како извор на информации, изработка на анализи и креирање политики базирани на докази.

Панелисти на настанот се:

  • Благица Новковска, Професор, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје
  • Борче Тренески, Професор, Економски факултет, Скопје
  • Олга Лимар, Менаџер за организациски развој, New Europe Center Киев Украина.
  • Модератор: Марјан Петрески,Професор, Американ Колеџ Скопје,
  • Промотор на прирачник: Игор Величковски, Универзитетски професор и истражувач

Настанот ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, на 28. Јуни во 11 часот.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange