Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Со НЛБ денот почна месецот на штедење во НЛБ банка АД Скопје

Објавено

на

Од 25 септември, со организација на традиционалниот НЛБ ден, почна месецот на штедење во НЛБ банка, оваа година на тема „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

Веќе 7. година по ред НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во дирекцијата на НЛБ банка и преку промотивни активности во сите експозитури на банката. За децата од неколку основни училишта, во рамките на НЛБ денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

НЛБ денот го означува почетокот на НЛБ месецот на штедење, кој ќе трае до 25. 10. 2018 година. Во рамките на овој месец НЛБ банка ќе спроведува акција за собирање цртежи во која децата ќе имаат можност да цртаат на тема „Штедење и безбедност во сообраќајот“.

Своите цртежи децата потоа ќе може да ги постават на посебна веб-страница отворена за таа намена: stedenje.nlb.mk или да ги донесат во која било експозитура на НЛБ банка. Изборот на најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб-страницата и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange