Останато
Со Мој ДДВ, Моја награда над половина милион сметки дневно се скенираат

Откако Министерството за финансии ја воведе наградната игра за дополнително мотивирање на граѓаните бројот на скенирани сметки на дневно ниво е двојно зголемен и во просек изнесува околу 500 илјади сметки.
Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.
Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.
„Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77 отсто. Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март”, наведуваат од министерството за финансии.
Потсетува и дека министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочно дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство