Connect with us

Останато

Со менторство до побрз развој на човечките ресурси во компаниите

Објавено

на

Законско регулирање на менторството на работното место,  потреба од изготвување на стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска, како и потреба од дополнителна стандардизирана обука за менторите и менторираните, се детектираните клучни предизвици за успешна реализација и примена на ментроството во нашата земја кое е од голема важност за професионалниот развој на човечките ресурси во компаниите, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). За таа цел  извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков и претседателот  на Македонската мрежа на ментори Славица Николовска потпишаа Меморандум за соработка.

Зарков истакна дека главната улога на менторството е преку развивање на менторска програма да се пренесат знаења, експертиза и искуство, а со нејзино реализирање да се овозможи професионален развој на менторираниот.

„Во развиените земји особено во САД, менторството претставува дел од корпоративната култура. Во нашата земја менторството се спроведува во администрацијата и академијата, додека компаниите се соочуваат со предизвици за негова имплементација, пред се поради нерегулираниот однос кон менторот во одредена компанија. Во досегашните обиди за имплементација на менторството во стопанството, компаниите се соочуваат со недостаток од правна заштита и утврдување на законска рамка на поимот ментор и неговата улога во компанијата. Компаниите сметаат дека терминот ментор треба да се регулира законски, бидејќи при инспекциски надзор се доведуваат во ситуација за утврдување неправилности, токму поради нерегулираниот статус на менторот “, изјави Зарков и додаде дека ова е од исклучителна важност заради придонесот за развој на човечките ресурси во компаниите, особено во денешни услови на одлив на квалитетен човечки капитал.

Николовска истакна дека веќе седум години Македонска мрежа на ментори се залага за подобрување на економското опкружување преку поддршка на претприемниците и малите и средни претпријатија преку менторство, едукација и настани за вмрежување.

Голем број на сопственици на компании или менаџери на институции при реализација на својата менторска улога имаат можност да менторираниот го поканат во својата компанија, како би можел менторираниот одблизу да ја види работата на менаџерот/сопственикот. Многу често ваквиот тип на едукација доведува и до понуда за вработување. Но, во сегашниот закон за работни односи како  форми на советување и учење се издвоени практиканството, стажирањето и волонтирањето. Овој тип на неформална едукација во компанија не е препознаена и како таква би можела да креира проблем доколку менторираниот е затекнат во компанијата од страна на трудовата инспекција, при што и компанијата и менторираниот би подлежеле на парична казна“, истакна Николовска и додаде дека досега оваа менторска релација е уредена само со т.н џентлменски договор потпишан од двете страни во кој се истакнати само основите на менторската врска, но и вака уреденото менторство не го мотвира менторот-компанијата да го преземат ризикот.

На настанот јасно беше истакната потребата од креирање на дијалог со бизнис секторот, заради систематизирање на менторскиот пристап и  изготвување на стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange