Кредити
Со мали дела до големи заштеди на енергија и пари со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка и ЕБОР


Со мали дела постигнете големи резултати. Кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, како дел од GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (EБОР), Ви овозможува инвестиции во енергетски ефикасни решенија за намалени трошоци за енергија и грант до 20% од инвестицијата.
Имате многу можности за мудро инвестирање:
- Изолирајте ја куќата – Вашиот дом нека биде идеално место за уживање и во лето и во зима, а тоа најлесно се постигнува со термоизолација на фасадата и со замена на старите врати и прозорци со нова ПВЦ столарија.
- Обезбедете ефикасен систем за греење и ладење – топлинските пумпи се револуционерно решение за енергетска ефикасност на Вашиот дом.
- Искористете ја обновливата енергија – сончевите колектори за топла вода и фотоволтаичните панели се вистинско економско олеснување за Вас и Вашиот буџет.
Инвестициите во енергетски ефикасен дом се повеќе од исплатливи со кредитот на Комерцијална банка, кој ви овозможува поврат до 20% од кредитот во вид на грант обезбеден од Европска Унија и одлична каматна стапка од 4,4% годишно. Кредитот е со износ до 50.000 евра и со рок на отплата до 20 години, а е наменет за набавка и инсталација на енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување, изолација на надворешни ѕидови, покрив, поткровје, под, преградни ѕидови, набавка на печки/котли на биомаса, котли на гас, соларни колектори за топла вода, фотоволтаични системи, топлински пумпи, високоефикасно и нискотемпературно осветлување, балансирана механичка вентилација, акумулациски бојлери за топла вода.
Кредити
Нов „EASY” потрошувачки кредит на Силк Роуд Банка со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата и одобрување за еден работен ден


Силк Роуд Банка АД Скопје го лансираше на пазарот EASY потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, наменет за одредена таргет група. (more…)
Домашни банки
Хипотекарен кредит од Комерцијална банка за остварување на вашиот нов план


Хипотекарен кредит со променлива каматна стапка од 3,6%, рок на отплата до 30 години и без провизија за предвремена отплата е најновото решение од Комерцијална банка за сите што имаат план и бараат слобода на избор со одлични услови за финансирање на својата замисла. (more…)
Домашни банки
Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни


Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје