Останато
Со Законот за платежни услуги влез на нови даватели на услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите


Од утре стапува во сила Законот за платежни услуги и платни системи со кој се овозможува либерализација на финансискиот пазар со влез на нови даватели на платежни услуги, нови платежни услуги и намалување на надоместот за трансакциите. Овие новини ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите од 1 јануари 2023 година.
Со либерализацијата на пазарот се овозможува, покрај банките, кои досега имаа монопол во давањето платежни услуги, на пазарот да се појават и платежни институции, односно трговски друштва кои врз основа на дозвола од Народната банка, ќе даваат платежни услуги.
Услугата за иницирање плаќање ќе им овозможи на корисниците да иницираат трансакции за плаќање преку интернет или преку мобилни апликации на товар на нивната банкарска сметка. Оваа услуга ќе биде особено корисна во сферата на електронската трговија, односно наместо со платежна картичка, на интернет продажните места ќе може да се плати и со користење електронско банкарство.
Услугaта за давање информации за платежни сметки, пак, ќе овозможи полесно следење на извршените трансакции и состојбата на сметките. Дополнително, за корисникот тоа ќе го олесни процесот за аплицирање со цел добивање кредитни продукти од банки и други финансиски институции.
„Во овој контекст, значајна улога се очекува да одиграат финтек компаниите што имаат знаење, искуство и технологии за воспоставување брз, ефикасен и безбеден електронски пристап до даватели на услуги, односно реализација на платежни трансакции. Влезот, пак, на пазарот на овие финтек компании ќе се стимулира преку олеснети барања во однос на критериумите за започнување со вршење платежни услуги, а со цел да се привлечат финтек компаниите што треба да бидат двигатели на иновативни и дигитализирани платежни услуги и да ја засилат конкуренцијата на пазарот што ќе значи подобри платежни услуги по пониски цени”, појаснуваат од Министерството за финансии.
Оттаму нагласуваат дека со Законот особено внимание се посветува на заштитата на потрошувачите, со тоа што се воведуваат задолжителни преддоговорни и договорни информации, што давателите на платежни услуги се должни да му ги дадат на потрошувачот со цел тој да може да донесе правилен избор и одлука дали да прифати користење услуги од тој давател.
„Исто така, јавно ќе бидат објавени и информациите за надоместоците што ги наплатуваат за платежните трансакции, за услугата на продавачот и слично. Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ја пренесат платежната сметка од еден кај друг давател на услугата. За ранливите категории (корисници на законски права) се воведуваат и бесплатни услуги, односно нема да се наплатува надоместок за најмалку пет трансакции што се порамнуваат интерно кај самиот давател на платежни услуги на месечна основа. Исто така, ќе може да се отвори платежна сметка со основни функции за потрошувачите со законско живеалиште и престојувалиште во Република Северна Македонија, барател на азил и потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на Република Северна Македонија не е можно поради правни или други практични причини (право на невраќање)”, велат од Министерството за финансии.
Новина во Законот е и ограничувањето на висината на заменскиот надомест што се пресметува и плаќа за секоја платежна трансакција заснована на платежна картичка, односно од сегашниот просечен надомест од 1,21 процент што го наплаќаат од трговците, тој ќе се сведе на 1 процент од вредноста на платежната трансакција на 1 октомври годинава и постепено ќе се намалува до 0,2 проценти во 2025 година.
Сметките на кои 24 месеци нема никакви приливи и одливи и депозитните сметки на кои 10 години нема остварено каква било комуникација ќе имаат третман на неактивни сметки, со што давателот на платежни сметки не смее да ја намали вредноста на паричните средства на овие сметки заради пресметка и наплата на какви било надоместоци.
Со Законот ќе се воспостави и Единствен регистар на сметки кој ќе го води и одржува Централниот регистар, во кој ќе се водат платежните сметки, депозитните и други денарски и девизни сметки и сефовите.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје