Connect with us

Компании

Со еден клик до работа во Македонија, Хрватска, Србија и во БиХ

Објавено

на

Ако сте во потрага по нова работа или прво работно искуство, имате големи шанси за успех бидејќи пред вас е првиот регионален онлајн-саем за работни места во Македонија, Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина!

Долгонајавуваниот регионален онлајн-саем „Виртуелни денови“ за вработување 2019 ќе се одржи од 16 до 23 октомври на веб-страницата www.denovizavrabotuvanje.mk. Саемот го организира порталот Vrabotuvanje.com.mk во соработка со другите партнерски портали Moj-posao.net од Хрватска, Poslovi.Infostud.com од Србија и Posao.ba од Босна и Херцеговина.

На годинешниот саем сите компании и огласи за вработување ќе бидат групирани во пет тематски капсули: Трговија, ИКТ, Финансии, Туризам и Образование.

Ова ќе им овозможи на кандидатите полесно да пребаруваат огласи и компании во специфични области, кои се релевантни за нив, а освен тоа што ќе може да аплицираат на отворените позиции, работобарателите ќе може да стапат во директен контакт со работодавците со помош на опцијата Chat.

Кога станува збор за Македонија, на годинешниот саем за вработување по нови вработени ќе тргнат звучни имиња на компании од сферата на телекомуникациите, производството, автомобилската индустрија, трговијата, банкарството, осигурувањето, како и ИТ-индустријата.

Покрај пребарувањето на работни места, сите учесници на саемот ќе имаат можност подобро да ги запознаат работодавците и директно да комуницираат со претставници од компаниите.

За крај, благодарение на виртуелниот настан „Лов на богатство“ сите посетители ќе имаат шанса да освојат вредни награди.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице – стручен соработник за продажба за регионот Битола. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком до крајот на тековниот месец ќе исплати дивидендатa од 21,6 милиони евра

Објавено

на

Акционерите на Македонски Телеком АД – Скопје на 28-ми овој месец ќе ја добијат дивидендата за 2019 година, информира  компанијата преку  Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Популарно