Connect with us

Електронско банкарство

Софтверски токен за плаќања – ново од i-bank услугите на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите корисници дека Банката со почетокот на годината воведе новитет во користењето на i-bank услугите – софтверски токен за плаќања преку телефонско банкарство, e-banking и m-banking.

Постепено, корисниците на OTP уредите ќе може да се пренасочат кон користење на ова дигитално решение кое е вградено во бесплатната мобилна апликација на Банката.

Па така, со новата верзија на мобилната апликација, достапна бесплатно и за iOS и за Android уредите, на главното мени може да се забележи полето TOKEN. Меѓутоа, за да почнат да го користат софтверскиот токен, потребно е клиентите да се обратат во најблиската филијала со цел замена на OTP уредот и активирање на персонализираниот софтверски токен.

Со овој едноставен чекор клиентите добиваат во својот телефонски уред, безбеден модел за генерирање на еднократни лозинки за потпишување на налози преку телефонско банкарство, e-banking и m-banking. Клиентите кои не користеле физички OTP уред можат во најблиската филијала да побараат директно да им се овозможи користење на персонализираниот софтверски токен.

Дознајте повеќе за добивање и користење на софтверскиот токен за плаќања, а за совети и дополнителни информации обратете се во најблиската филијала на Банката или во 24/7 контакт центарот на (02)3100 109.

Електронско банкарство

UnionPay и PayPal најавуваат глобално партнерство

Објавено

на

UnionPay International (UPI) и PayPal најавија глобално партнерство каде и двете компании ќе работат заедно за да го забрзаат растот на нивните мрежи. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Настан за е-трговија: Имплементација и предизвици при е-плаќањa со фокус на банките

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во текот на месец февруари ја организира втората сесија за е-трговија, каде што со претставници од финансиските институции вклучени во синџирот на е-трговија и со потенцијалните и моменталните е-трговци ќе се дискутира на тема “Имплементација и предизвици при онлајн плаќање“.

Доколку продавате или сакате да продавате онлајн, а притоа ви се неопходно дополнителни корисни информации од аспект на улогата на банките со целиот процес при онлајн плаќање, доколку сакате да споделите свое искуство/предизвик со кој се соочувате при онлајн плаќање, или пак неформално, преку нетворкинг дружење да се запознаете со претставниците од банките кои што нудат е-трговија и се членови во АЕТМ, тогаш овој настан е токму за вас!

Локација: Фонд за Иновации и Технолошки Развој (ГТЦ, I кат)
Датум: 03.02.2020 година
Време: 16:00

На настанот ќе имате можност да научите повеќе за:
✔︎ како да имплементирате канал за плаќање во вашата е-продавница?
✔︎ која е неопходната документација за виртуелен ПОС?
✔︎ каква е улогата на платежниот процесор во синџирот наречен е-трговија?
✔︎ како до подобра комуникација со банките (поплаки, соработка, рефундации)?
✔︎ кои се предизвици на е-трговците од банкарска гледна точка?

Агендата на настанот можете да ја погледнете во продолжение:

⏰16:00-16:05
👉🏻 Отворање на настанот

⏰16:05-16:15
👉🏻 Презентација на можностите кои се нудат од страна на банките при онлајн плаќање
– Филип Чижбановски – в.д. Претседател, Асоцијација за е-трговија на Македонија

⏰16:15 – 17:15
👉🏻 Панел дискусија на тема „Имплементација и предизвици при онлајн плаќањата“
– Игор Величковски, Народна Банка на РСМ
– Тина Петкоска, Халкбанк АД Скопје
– Вељан Поповски, НЛБ Банка АД Скопје
– Стефан Пепоски, Стопанска банка АД Скопје
– Филомена Пљаковска Аспровска, Касис АД Скопје

⏰17:15-18:00
👉🏻 Networking дружење!

Учеството е бесплатно. Потребно е само да се пријавите на следниот линк. Бројот на учесници е ограничен.

Настанот е организиран во партнерство со Фонд за иновации и технолошки развој.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Купувањето онлајн и отворањето на продавници за е-трговија во пораст

Објавено

на

Македонските граѓани сѐ повеќе купуваат онлајн, но и отвораат онлајн продавници, а доказ за ова е порастот кој го бележиме по бројот на трансакции, порастот по вредноста на трансакции, но и порастот по бројот на уреди на виртуелни места на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Популарно