Connect with us

НБРМ

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци

Објавено

на

И покрај предизвиците со пандемијата, Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци, коишто се усогласени со највисоките меѓународни стандарди коишто ги исполнуваат само 26 земји во светот. Особено важно е првото објавување на статистиката на финансиските сметки на крајот на минатата година. Значајно е што Народната банка ги оствари статистичките истражувања без доцнење, со задржување на квалитетот.

Ова се дел од констатациите од состанокот на дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за статистика на ММФ, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.                                                                

На состанокот беше нагласено дека е важно што нашата централна банка се вбројува меѓу носителите на статистички истражувања коишто не само што во досегашниот период од кризата немаа прекин во истражувањата, туку и направија методолошки подобрувања и воведоа нови и подетални податоци. Како што беше истакнато, таквата подготвеност е важна, затоа што секојдневно се зголемува потребата од повеќе грануларни податоци и нив, во натамошниот период, ќе може да ги обезбедуваат само носители на статистички истражувања коишто се подготвени да ги следат новите стандарди и практики. Во тој контекст, се разговараше и за согледаните натамошни предизвици во сферата на статистиката, според досегашните видувања на ММФ.

На состаноците во рамките на Пролетните средби коишто се одржаа досега е заклучено дека соработката меѓу Народната банка и ММФ на експертско оперативно ниво е одлична и се разговара за сфери во коишто понатаму може да се соработува. Инаку, во изминатиот период, Народната банка има добиено техничка поддршка од ММФ во шест области.

НБРМ

Советот на Народната банка ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2020 година

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беа усвоени Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Нацевска: Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата

Објавено

на

Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше обезбеден солиден кредитен раст. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Регионалната програма на ЕУ за централните банки од земјите на Западен Балкан насочена кон зајакнување на функцијата меѓународни односи

Објавено

на

Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, започна да се спроведува билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, насочена кон понатамошно зајакнување на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи и особено евроинтеграциите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно