Connect with us

НБРМ

Состанок Ангеловска-Бежоска – Галовеј: Соодветната монетарна политика, загарантираната ценовна стабилност и стабилноста на денарот се еден од најцврстите столбови на македонската економија

Објавено

на

Соодветната монетарна политика, загарантираната ценовна стабилност и стабилноста на денарот се и ќе бидат еден од најцврстите носечки столбови на македонската економија. Подготвеноста на Народната банка соодветно да го користи просторот за делување и во текот на корона-кризата да презема навремени и ефикасни монетарни мерки е од големо значење за ублажување на неповолните ефекти врз реалната економија.

Макроекономските проекции на Народната банка за оваа година упатуваат на инфлација од 0%, а пад на економската активност од 3,5%, според основното сценарио, додека наредната година се очекува постепено закрепнување, под претпоставка дека ќе има стабилизирање на состојбите со корона-кризата во македонската економија, но и погенерално кај нејзините најзначајни трговски партнери, што е особено значајно за извозниот сегмент.

Ова се дел од констатациите коишто беа споделени на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Британија, Рејчел Галовеј, којшто се одржа телеконференциски. На состанокот се дискутираше за макроекономските проекции на Народната банка, монетарната политика и мерките што Народната банка ги презеде по отпочнување на корона-кризата, како и за макроекономската стабилност. Дополнително се разговараше и за активностите поврзани со финансиските технологии.

Во дискусијата за мерките што Народната банка ги презеде по отпочнување на корона-кризата, одделно се коментираше за очекуваните ефекти од намалувањето на основната каматна стапка и ослободувањето ликвидност во банкарскиот систем, како и за овозможувањето поповолни услови за отплата на банкарските кредити од страна на кредитокорисниците погодени од кризата и стимулирање натамошно поповолно кредитирање, особено на погодените сектори.

Ангеловска-Бежоска истакна дека ценовната и финансиската стабилност и натаму остануваат приоритети, а дека дополнително, во рамките на просторот за делување и согласно со надлежностите, Народната банка ќе придонесува и за економското заздравување за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Во тој контекст беше споделено и мислењето дека е исклучително важно што монетарната стратегија на Народната банка е оптимална за македонската економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики. Искуствата од претходните епизоди на криза потврдуваат дека задржувањето на стабилноста на денарот е клучна за брзото стабилизирање на очекувањата на домашните субјекти и со тоа за спречување на поголеми негативни ефекти врз реалниот сектор.

Во однос на активностите што се преземаат за поттикнување и поддршка на примената на финансиските технологии, одделно се дискутираше и за активностите на т.н. Порта за иновации – платформата за комуникација на Народната банка со финтек-секторот, којашто интензивно работи и во периодот на корона-кризата, со голема ангажираност на стручен тим од Народната банка. Во тој контекст се дискутираше и за примената на финтек во банкарскиот сектор, како и за националната Стратегија за примена на финансиските технологии, на којашто Народната банка ќе работи оваа година.

Кон крајот на состанокот, Ангеловска-Бежоска и Галовеј искажаа задоволство што во текот на досегашните дваесет и седум години билатерална соработка меѓу двете земји, комуникацијата помеѓу Народната банка и Британската амбасада се одвива на високо професионално ниво, како и увереност дека таквата комуникација ќе продолжи и понатаму.

НБРМ

Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот

Објавено

на

Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка. На нив се фокусирани и значителен дел од активностите во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка со кривични пријави против поранешните одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје

Објавено

на

Оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје остварија повторна средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок Ангеловска-Бежоска – Паолучи: Мерките на Народната банка беа соодветни и придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата

Објавено

на

Од исклучително значење за македонската економија се вложувањата на Народната банка во одржувањето на финансиската стабилност. Ова се согледува и во текот на ковид-кризата, кога сите стандардни показатели за оценка на состојбите во банкарскиот систем се задржуваат на солидно ниво. Светската банка постојано ги следи активностите и спроведувањето на препораките, вклучително и во однос на воспоставувањето соодветна макропрудентна рамка и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Соработката меѓу двете институции во претстојниот период и дополнително ќе се засили преку веќе планираните проекти на Народната банка за коишто Светската банка дава поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно