Connect with us

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи.

Трансакцијата ќе изнесува околу 240 милиони евра, колку што беше објавено во соопштението објавено на 17 јануари 2019 година.

Понатаму, Сосиете Женерал и ОТП Банка потпишаа договор за соработка кој опфаќа обезбедување на заеднички услуги во различни области (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на инвестициското банкарство, пазарите на капитал, финансирање, услуги за управување со пари и ликвидност). Унгарија е дел од овој договор за соработка, Бугарија и Хрватска ќе се приклучат наскоро. Албанија, Србија и Молдавија ќе бидат дел од неа по затворањето на трансакциите.

Филип Хаим, заменик – извршен директор на Сосиете Женерал Груп, задолжен за активностите за меѓународно банкарство, финансиски услуги и осигурување, вели: “Преку продажбата на Мобиасбанка – Унгарија, Сосиете Женерал презема чекор напред во својот стратешки план “Трансформација кон раст” преку оптимизирање капитал и рефокусирање на своите меѓународни активности за банкарство на мало на географски региони каде што има критична големина и високи потенцијални синергетски активности. Со задоволство го објавуваме потписот на договорот за соработка со ОТП, кој ќе ни овозможи да обезбедиме заеднички услуги за нашите корпоративни клиенти во регионот“.

Странски банки

JPMorgan е првата американска банка со своја криптовалута

Објавено

на

Американската банка “JPMorgan” е првата банка во САД која што воведува сопствена криптовалута.

Оваа американска банка секојдневно врши трансакции вредни повеќе од 6.000 милијарди долари, за корпорации низ целиот свет, во рамките на своето енормно работење со платежни трансакции.

Во еден експеримент кој ќе биде лансиран за неколку месеци, мал дел од овие трансакции ќе се направат преку иновативната “JPM монета”, дигитален токен направен од њујоршките банкари за брзо извршување на плаќањата помеѓу клиентите, пренесува CNBC.

JPMorgan се подготвува за иднината во која финансиското работење, од прекугранични плаќања до издавање корпоративен долг, ќе се одвива преку блокчеин технологија. Тоа е технологија на бази на податоци која стана позната по својата прва криптовалута – Биткоинот.

Но, со цел оваа иднина да стане реалност, “JPMorgan” треба да најде начин за трансфер на парите со иста вртоглава брзина со која во моментов електронски се потпишуваат договори и се извршуваат трансакции, наместо да се потпира на стара технологија, како што се т.н. “Жичани трансфери” (S.W.I.F.T).

Откако успешно ќе се завршат тестирањата во сферата на меѓународните плаќања, ова ќе биде една од првите апликации во реалниот свет за една криптовалута во банкарската индустрија.

Секоја “JPM монета” ќе се разменува за еден американски долар, така што нејзината вредност нема да се менува, што е слично со концептот на т.н. “стабилни” монети.

Продолжи со читање

Странски банки

Грција со свој проект “Купи Куќа Купи Стан”

Објавено

на

Грција планира да вложи приближно милијарда долари во банките во земјата во следните пет години, за да субвенционира дел од хипотекарните кредити на домаќинствата.

Согласно планот на овој проект, домаќинствата кои не можат да ги плаќаат своите обврски, ќе треба да ги реструктуираат своите кредити, за потоа државата да плати дел од нивните месечни обврски.

Во моментов грчките банки се борат со огромен “облак” од лоши пласмани, кои изнесуваат 88,6 милијарди долари, наследство од финансиската криза во земјата.

Законската рамка има за цел да ги поддржи домаќинствата кои не можат да исплатуваат кредит за својот дом.

Во законот ќе бидат поставени рамки за ниво на приход и други критериуми, а должниците ќе го губат грантот ако доцнат во отплатата со над 90 дена.

Продолжи со читање

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange