Connect with us

Странски банки

Сосиете Женерал ги продава банките во регионот?

Објавено

на

Повторно се актуелни гласините за преструктуирање во банкарскиот сектор во регионот, со оглед на тоа дека дел од бугарските и српските медиуми пишуваат дека Сосиете Женерал се повлекува од пазарите во централна и источна Европа.

Бугарскиот портал Capital.bg ја објави веста за повлекувањето, наведувајќи дека од СоЖе не се задоволни со својата позиција на овие пазари, особено бидејќи банката не го заземала лидерското место во регионот.

Потенцијалниот купувач на СоЖе, согласно шпекулациите е унгарската ОТП Групација, од каде одбиле да коментираат за овој договор – наведува Capital.bg.

Овие шпекулации беа актуелни пред една година, но тогаш официјално беше соопштено дека продажбата на СоЖе нема да се случи.

Сепак, медиумите во Бугарија повторно ја актуелизираа оваа тема, а согласно нивните информации, освен ОТП Група, друг потенцијален купувач е американскиот фонд Аполо Глобал Менаџмент, од каде исто така ниту ги потврдија ниту ги негираа гласините.

Покрај СоЖе во Бугарија, предмет на продажба се и подружниците во останатите 5 (пет) земји во регионот – Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и Молдавија.

Минатата година ОТП Група веќе изврши купување на една членка на СоЖе во регионот – хрватската Сплитска банка.

Согласно пишувањата на Bankar.rs, овие пазари во моментов се презаситени и непривлечни, а токму тоа е причината поради која СоЖе се повлекува, особено фактот што банката во најголем дел од овие земји не влегува ниту во топ 3 банки во банкарските пазари на тие земји.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange