Останато
Соработка ССК и „Генерали Инвестментс“: Како вашите пари да работат за вас

Сојузот на стопански комори на Македонија воспоставува соработка со „Генерали Инвестментс“ со цел подигнување на нивото на информираност на бизнис секторот за можност за создавање на додадена вредност преку инвестирање на расположливите финансиски средства во инвестициски фондови, во рамките на што беше организиран информативен состанок за членовите.
Лазе Камчев, главен извршен директор на „Генерали Инвестментс“ истакна дека постои високо ниво на сигурност на вложените средства и висок принос за средства по видување. Средства може да вложуваат правни и физички лица, без ограничувања на висината на вложувањата.
„Предност на „Кеш Депозит“ е што може да вложите колку сакате средства по видување кои може да ги подигнете назад во целост или делумно во било кое време и тие ќе ви донесат годишен приход кој оваа година изнесува 1,85 проценти. За разлика од тоа ако истите средства ги ставите во банка без да ги орочите нема да добиете никаков принос, ако пак ги орочите нема да може да ги подигнете пред истек на периодот на орочување. Со нашиот финансиски производ имате поголема флексибилност на управување со парите и загарантирано остварување на приход“, истакна Камчев.
GENERALI е независна меѓународна финансиска групација основана во 1831 година, а денес е присутна во повеќе од 50 држави во светот. Илјадници професионалци се грижат за клиентите, а според Fortune Global 500 врз основа на индикаторите на продажба, профит, средства и пазарна вредност е рангирана меѓу 60-те најголеми компании во светот. Друштвото Generali Investments CEE, од кои е дел и фондот во нашата земја е најголемо друштво за управување во Централна и Источна Европа.
„Кеш Депозитот“ во кој може да инвестираат правни и физички лица, овозможува да се обезбеди ефикасно управување со слободните финансиски средства, и истите да се оплодуваат сигурно и долгорочно, без притоа да се попречи динамичното работење на компанија. Едно е сигурно, нема ништо поубаво од тоа “Вашите пари да работат за вас”, да не работите, а да ги оплодувате вашите пари, вашиот имот да се зголемува, и да добивате солиден принос за вашите вложувања“, истакна Камчев.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски потенцираше дека живееме во време во кое економските можности и околности секој дневно се менуваат, поради што и треба да се размислува за нови пристапи кои може да го подобрат работењето на бизнисите.
„Во економијата најчесто ништо не е црно или бело, а резултатот од одуката која ја носите зависи од околностите во кои таа се реализира. Овие финансиски производи нудат можност да се создаде додадена вредност од средствата кои во одреден момент не се активни. Така наместо да стојат во банка и да не генерираат додадена вредност, со инвестирање во инвестициски фонд парите се оплодуваат. Предност е што може да ги повлечете секогаш кога ќе имате потреба од нивно ангажирање за некоја инвестиција, набавка и слично“, истакна Ангелоски.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје