Connect with us

НБРМ

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Регионалната програма на ЕУ за централните банки од земјите на Западен Балкан насочена кон зајакнување на функцијата меѓународни односи

Објавено

на

Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, започна да се спроведува билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, насочена кон понатамошно зајакнување на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи и особено евроинтеграциите.

Целта на оваа конкретна билатерална мерка ќе биде проучување на искуството на Хрватската народна банка во процесот на пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), како и соработката со европските институции по влезот во ЕУ, врз основа на што ќе се изработи патоказ за натамошниот дел од процесот на интеграција во ЕУ. Искуството на Хрватската народна банка, како и искуствата на други централни банки коишто го имаат поминато евроинтеграцискиот процес, се од големо значење за зајакнување на функцијата на нашата централна банка во сферата на меѓународните односи и односите со ЕУ, заради соодветно исполнување на улогата на Народната банка во процесот на пристапување кон ЕУ и потоа. Програмата финансирана од ЕУ за јакнење на капацитетите на централните банки од Западен Балкан започна да се спроведува во 2019 година, во соработка со Централната банка на Германија како координатор на Програмата, деветнаесет други централни банки од Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка, а ќе се спроведува до крајот на оваа година. За оваа Регионална програма, Европската унија одвои 2 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

НБРМ

Советот на Народната банка ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2020 година

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беа усвоени Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Нацевска: Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата

Објавено

на

Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше обезбеден солиден кредитен раст. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Нејзин добитник е Рејхан Сулејман, наградена со прва награда за трудот „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно