Connect with us

НБРМ

Соработка со Банката на Португалија во рамките на Регионалната програма финансирана од ЕУ за јакнење на капацитетите на централните банки од Западен Балкан

Објавено

на

Во рамките на Регионалната програма за јакнење на институционалните капацитети на централните банки на земјите од Западен Балкан заради нивна интеграција во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), во соработка со Банката на Португалија беше воведена втората, од двете билатерални мерки, за понатамошно усогласување и хармонизација со статистичките барања на Европскиот систем на централни банки.

Основната цел на оваа билатерална мерка е размена на искуства со Банката на Португалија во процесот на спроведувањето на Проектот за интегриран систем на известување за банките (ИСИДОРА) за статистички и супервизорски цели. Во рамките на соработката ќе се разговара за детално следење на барањата на ЕЦБ во врска со статистиката на билансни шеми, статистиката за иматели на хартии од вредност и грануларни податоци за кредити. Пренесувањето на знаењето и најдобрата практика на Банката на Португалија во процесот на интегрирање на статистичките барања ќе помогне во процесот на дизајнирање на нов систем за известување, којшто ќе обезбеди понатамошно усогласување со статистичките барања и истовремено ќе помогне за стандардизирање на барањата за известување, намалување на повеќекратното известување за податоците и минимизирање на товарот на известувачите.

Регионалната програма за јакнење на институционалниот капацитет на централните банки на земјите од Западен Балкан, финансирана од ЕУ, беше воведена во март 2019 година, во соработка со „Дојче бундесбанк” како координатор на програмата и уште деветнаесет други централни банки од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ), а ќе се спроведе до крајот на 2021 година. Регионалната програма за обука опфаќа клучни прашања од областа на централното банкарство и супервизијата. Европската Унија (ЕУ) намени 2 милиона евра за оваа регионална програма од својот Инструмент за претпристапна помош (ИПА II).

НБРМ

Граѓаните сѐ повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање во земјава

Објавено

на

Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата во земјата со платежни картички издадени од издавачи во земјата, во вториот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 22,9% и 17,8%, соодветно. Притоа, бројот на извршени трансакции забележа годишен раст од 18,3% на физичките места на продажба, односно од 12,6%, на виртуелните (интернет) продажни места, во споредба со вториот квартал од 2021 година. Овие податоци укажуваат дека граѓаните и натаму сè повеќе ги користат дигиталните канали за вршење на плаќањата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Извештај за финансиската стабилност на Народната банка: Обемот на трансакции со недвижности и цените се над претпандемичното ниво, засега нема посериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност, но потребно е внимателно следење

Објавено

на

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1%, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на цената на становите во домашната економија е малку пониска од просекот за Европската Унија којшто изнесува 8,3%. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Следната недела ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 26 септември 2022 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно